Од Renault пристигнува информација која вели дека францускиот производител ќе работи на развој на автомобил којшто ќе биде три пати поевтин од во моментот најевтиниот модел на марката.
Планот е да се произведе ултраевтин автомобил чија вредност нема да надминува 2.500 европски банкноти, а ќе се продава на новорастечките пазари во Азија, Африка и во Јужна Америка.
Некои изведби на овој евтин автомобил ќе се најдат и на европските пазари, но со оглед на пребирливоста на купувачите од Стариот континент, најверојатно ќе станува збор за поопремените верзии.
Очекувањата се дека еден ваков автомобил добро ќе проаѓа на пазарот во време кога куповната моќ е значително ослабена со светската економска криза, а пазарот е гладен за нови автомобили.
Развојот на евтиниот модел на Renault ќе започне на почетокот на следната година, но кога ќе заврши сеуште не се знае. За проектот ќе биде одговорен шефот на одделот за буџет на компанијата Жерар Детрјуб.
http://www.vozi.com.mk/vesti/nov-renault-za-2-500-evra.html--------------------------------------------------------------