Автор Тема: Препорака за кровен куфер?  (Прочитано 1761 пати)

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Препорака за кровен куфер?
« на: 04 Август 2020, 14:38:33 pm »
Здраво, планирам да купувам кровен куфер, па ми треба ваша препорака/мислење што и од каде да купам.

Немам искуство со куфери, знам само дека Thule се едни од подобрите (може и најдобри?), но воедно и доста скапи, па барам нешто поевтино што нема да ми се отвори во тек на возење. :D

Од тоа што успеав да најдам, SAMAD и Carbox имаат најголема понуда, но и едните и другите имаат брендови кои лично не ми се познати.

tl;tr барам куфер ~400 литри, буџет ~200 еур


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Препорака за кровен куфер?
« Одговори #2 на: 04 Август 2020, 15:00:27 pm »
Јас би ѕирнал во Самад, ем ни се форумџии тука.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
Одг: Препорака за кровен куфер?
« Одговори #3 на: 04 Август 2020, 15:46:42 pm »
Јас го земав ова лани.
http://euro-stil.mk/index.php?route=product/product&path=20_96&product_id=1170
Најефтино што најдов беше ова.
Во него собира еден мал и еден среден куфер (димензионално еден check in и carry on куферите за во авион) и еден ранец со 17 инчен лаптоп во него, и пропратни ствари. Останува малце простор во него.
320 литри мислам собира.
При возење не е страшно, не бучи многу околу 120 на автопат. Е сега 140 е друга приказна, ама тоа е.
Задоволен сум од изборот.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Одг: Препорака за кровен куфер?
« Одговори #4 на: 05 Август 2020, 22:10:11 pm »
Да не отварам нова тема, каде може да најдам шраф за кровни држачи, година и пол ми дремат во гепек, редно е да ги наместам, извините за малку офф
Претпоставката е мајката на сите заебувања