Автор Тема: Yugo Cabrio 1.3 '93  (Прочитано 32660 пати)

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #45 на: 16 Август 2020, 22:21:08 pm »
Одлично проектче ретко се гледа југо кабрио да видиме што ке испадне :D
Плинот јас одма би му го извадил ова не е кола за плин нека лапа гориво сепак не е кола за секој ден.


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #46 на: 16 Август 2020, 22:22:18 pm »
Ее па ти, кога може Кадет на улица да биде проект, зошто не и Југо во гаража :P

Тоа е проект у подготовка на неодредено ;D најверојатно никогаш :D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #47 на: 17 Август 2020, 00:22:04 am »
Одлично проектче ретко се гледа југо кабрио да видиме што ке испадне :D
Плинот јас одма би му го извадил ова не е кола за плин нека лапа гориво сепак не е кола за секој ден.

Ќе викав дека возилцево е за на Amalfi coast да си го тераш, ама знак прашалник дали ќе стигне, се занесов и јас, али радо би се качил на Галичица со ова. Скроз друг е вајбот низ шума со кабрио.

@t0m1cA не рече дека го планираш за 70тина коњски гриви се на се?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #48 на: 17 Август 2020, 08:52:31 am »
Одлично проектче ретко се гледа југо кабрио да видиме што ке испадне :D
Плинот јас одма би му го извадил ова не е кола за плин нека лапа гориво сепак не е кола за секој ден.

Ќе викав дека возилцево е за на Amalfi coast да си го тераш, ама знак прашалник дали ќе стигне, се занесов и јас, али радо би се качил на Галичица со ова. Скроз друг е вајбот низ шума со кабрио.

@t0m1cA не рече дека го планираш за 70тина коњски гриви се на се?

Плинот е веќе во аут и сум согласен дека колава не треба да биде со плин.
За сила ќе видиме, тука некаде ќе биде 65-70кс.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #49 на: 22 Ноември 2020, 09:22:04 am »
Конечно после 3 месеца најдов време да го испразнам кошот и да извадам пластики и браници од школка за да видам во каква состојба се прагови и челен и заден везен лим.
Увидов дека се во супер состојба, и решив дека првично нема да се префарбува туку само ќе се корегираат некои места на левата страна кај што е набиено.
Следно во план е да извадам сè од него и детално да се испере, а после тоа да се премине на средување на подвозје и лимарија на патос, таму има покажано на 2-3 места. Чим го средам патосот лимариски оди се ново, таму каде што доаѓаат гумени делови ќе пробам да ги заменам со полиамид, комплет нов систем за кочење и управување.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #50 на: 22 Ноември 2020, 13:41:25 pm »
А да најдеме 1.4 Ти-Џет?


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #51 на: 22 Ноември 2020, 13:50:32 pm »
Сто пати се премислив, де овој, де 1.6, де турбо, и на крај си викам, нема на трки да одиш со колава, за уживање е првенствено, што значи нека тера 1.3 со фабричкиот Weber 30-32, а во меѓувреме сум во потрага по Weber 34-34, тоа ќе биде таман.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #52 на: 22 Ноември 2020, 14:34:20 pm »
Не знаев дека таква ознака носат моторите на Застава, тој Weber 30-32 e оној со 65 кс и по што се разликува од Weber 34-34?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #53 на: 22 Ноември 2020, 15:17:33 pm »
Бројкиве стрикно се однесуваат за карбуратори Weber, моторот како мотор се води по кубикажа и киловати, нормално како и секој. Две бројки се, 2 грла, бројките се однесуваат на димензиите на грлата.
Weber 34-34 немала ниедна Застава, тој карбуратор најчесто го носел 1.5 од Фиат: Ритмо, Регата...и е тешко да се најде, а па тој што го има тешко и да го продава. Уште потешко е да се најде и кит за репарација/освежување.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #54 на: 22 Ноември 2020, 15:37:01 pm »
Бапни му двогрли со усисна од Фиат Типо 1.4, тоа би требало полесно да се најде.

По муабетите од времето би требало да пасува.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #55 на: 22 Ноември 2020, 15:54:27 pm »
Не е само да бапниш, можи со карбуратор од типо да биди послаба и од оригиналниот. Тој на кола шо грла има? Електронски е, имам еден по дома за делој...
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #56 на: 22 Ноември 2020, 16:19:56 pm »
А зошто да биде послабо?
Јас на моето Југо 55 му имав бапнато двогрли карбуратор од 60, потоа и од 1.3 Ритмо, нормално сосе усисните, корнеше.

Го вратив стандард кога му монтирав плин.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #57 на: 22 Ноември 2020, 16:52:23 pm »
На кола е фабричкиот 30-32 двогрли, највеќе би ми било мерак 34-34, ама и 4 инки не би ми сметале, реално на колава нема да гледам потрошувачка се дур ме смее :D
Секако ќе видиме кога ќе се собере моторот, можеби и фабричкиот ќе биде топ.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #58 на: 22 Ноември 2020, 19:50:52 pm »
На времето кој гледал ознаки, муабетот беше карбуратор од таа и таа кола :)
Погоре сум пишал Ритмо 1.3, а у ствари карбураторот беше изваден од слупан Ритмо со 75 коњи што ќе му дојде 1.5.

Ме заинтересира ова со ознакиве за weber и по кратко и плитко истражување видов дека едногрлите на Југо 45 и 55 се водат како weber 32 mgv 10, и  weber 32 mgv 12 ?
Двогрлите на Југо 60 и 65, Ритмо 1.3 и 1.5 се водат како 32/34, но во продолжение имаат плус ознаки кои се  разликуваат...
За Типото некој си Selecta (160.A.1048) или Weber 32/34 TLDE ?

Интересното е што за Југо 45 и 55 беше идентичен, се разликуваше само по дизните.
Имено, кога го купив Југото, по извесно време почна да ме зеза карбураторот.
Еден другар ми даде од 45 за да го искористам телото, ги префрлив дизните од мојот. Го оправив и така цепав цела година се додека не почнав да експериментирам со двогрлите ;D

Си купив сосема нов едногрли за да биде штелнат моторот цакум пакум пред инсталирањето на плинот, со тогашните плати џебот не издржуваше веќе толку шеткарање. Мислам дека бензинот рипна преку 45 денари а плинот беше под 20, ако добро се сеќавам :)

Еве и едно клипче шо ми улета ;D ;D ;D


Кога Југо ќе запали исто како да си добил на лото ;D
« Последно менување: 22 Ноември 2020, 19:59:44 pm Mikius »

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #59 на: 22 Ноември 2020, 20:40:14 pm »
Едни носеа ознака MGV, други ICEV.
Мислам дека еден од овие со една од ознаките беше копија.

Се 30/32 означува дека ширината на примарното грло (кај лептирот за гаста, на долниот дел од карбураторот е 30 мм, додека на второто дополнително кое го активираш таму кога ќе притиснеш гас повеќе од половина е 32 мм).

Исто така има разлика и во дифузерот, тоа е стеснетиот дел на карбураторот помеѓу долното грло (тие 30/32) и горните кај филтерот за воздух.

Ги има ако не се лажам со 21, 22 и 24 мм ширина на дифузер.

Што пошироки грла и дифузери, со соодветни дизни нормално ќе има повеќе сила, поголема мешавина на воздух/гориво ќе повлече моторот.

Искрено за возила што користат карбуратор (воедно имаат и плин), нема подобро од веберот.
Си има самиот баш точно на дифузерот да се избуши, (на сликата подоле со заокружено црвено) да се наштрафи цефче и тука да се постави цревото за плин и мешавината на плин/воздух се одвива внатре во самиот карбуратор, а не со плочка врз карбураторот.
Многу подобра солуција отколку со плочка врз карбураторот.

Баш ме интересира Томица да видиш дали на тој 30/32 што го имаш има опција за двете грла да може да се избуши, значи за двете грла  посебно црево за плин.
Еве слика да видиш, дали за двете грла има вакво нешто (заокруженото со црвено) да може да се избуши за цефче за плин ?




Еве со 34/34 карбуратор видео ;D
« Последно менување: 22 Ноември 2020, 20:47:19 pm FiLo »