После долги години чекање, умење, думење и барање возило за реставрација, падна одлука!
Се работи за Ford Taunus од 1978 година со две врати. Моментално има на него ставено 1.6 дизел мотор кој ми е најнебитен. Ќе се бара мотор бензинец најголем што може да се вгради. Засега разгледувам опција 2.9 V6 ама тие шо ги има се со автоматски мењач а јас сакам мануелен секако.
Каросериски е во солидна состојба за годините шо ги има ама кога ќе се растури и испескари ќе се види како е.
Сега стартува потрагата по секој можен дел што може да се најде нов. Било каква информација за тоа ако знаете каде и од кого може да се најдат било какви делови е добредојдена.
Финалниот резултат би требало да биде ова(бојата не се знае уште)