Клаберот СалеСК не е сервис ама е поголем хирург од сите за електроника.
@SaleSk чаре?
Благодарам за пофалбите.
Но со оглед на фактот дека сум во период кога сум постојано на терен, не сум во Ск, плус полицискиов, времето ми е ограничено. :/
Најдобро би било да се извади целата оваа единица, да се растури и расклопи и да се извади делчето од картичката кое останало внатре.
Би те посоветувал да не пробуваш да пикаш разноразни игли, дрвца, пинцети, чепкалки и слично и да пробуваш да го извадиш делчето зошто контактите од СД картицата се пренежни. Ако се оштетат, искриват, скршат, постои шанса да не може да се средат...
Ако успееш да го извадиш ЦД читачов кај што е и СД картичката, ке го растуриме и ке ја извадиме скршеницата...
Колку што ме држи сеќавање, ова е во касетата така?
Можеш и од подалеку да сликнеш...