@Vwlover Да, затој мислев, по грешка сум пишал 110 кс.....каросериските забелешки беа поради гребаници или нешто поозбилно?
За мене поозбилно, кога правевме муабет на телефон, човекот ми кажа дека имал мала незгода
На предниот дел од колата.
Кога колата се однесе ма мајстор и се дигна на дизалица, се виде дека целата десна страна, задниот дел, праговите, се полни со нерамнини(бранови) и кит,левиот заден штоп е поизлезен од десниот, бојата двои од оригиналната, сето ова беше доволна причина за мене да не ја земам колата.
Повторно напоменувам, моторот е во добра состојба, за секој друг заинтересиран.