Го имам од Ноември 2019 и се вози како втора кола, поточно го вози женами и се вози претежно низ град. Стартно, прегледно, големи странични прозорци, задоволителен багажен простор (за намената), одлична потрошувачка, одличен за низ град или кратко патување. Не знам кое точно ниво на опрема го поседува но за намената е сосема доволна. Од опрема има:
ABS,
Airbag,
Trip CPU,
ISOFix,
електрични прозорци (возачко и совозачко),
електрични ретровизори,
висинско подесување на волан,
4 звучника (напред),
мануелна клима,
адаптивен волан,
14" челични бандажи.
Нема многу, но тоа што го има, си работи. Механички е во одлична состојба, од надвор има некоја забелешка но не е страшно, нешто од тоа може да и се корегира. Липот напред фали, али како што приметив скоро на сите од 2005-та нагоре им фали, поради тоа што се многу ниски напред ваљда.
Во прилог некоја фотка од неа, ќе направам подобри кога ќе поминат фркиве.
Досегашни промени:
MP3/USB радио,
Паркинг сензори,
Led сијалици на задна таблица,
Променети сијалиците на часовникот и климата,
Извадени старите навлаки.
Идни идеи, желби и промени (по редослед на приоритет):
15" алуминиумски бандажи за летна сезона,
Полирање на фарови,
Извлекување на вдлабнатината на багажникот без фарбање,
Хемиско чистење на седишта и под,
Хромиран завршеток на ауспух,
Корекција на гребаници,
Преграда на багажниот простор,
Led магленки,
Преден лип,
Led позиција,
Затемнување на стакла,
Секвенционални трепкачи на крило,
Звучници на задни врати,
Промена на часовникот со поголем дисплеј.
Автомобилот е земен од пријател и отприлика му ги знаев маните, така да прво нешто што го средив беше промената на прегорените сијалички (12V 1.2W T5) на часовникот и на климата. Еве и некоја слика од промените, се надевам некоја од нив ќе му биде некому корисна.
Промена на сијаличка на часовник
Промена на сијалички на клима
Кога веќе ги извадив сите пластики, излепив и фолија на централната конзола. Операција која што не излезе баш најдобро, карбонската фолија не изгледа добро и се одлепува. Немам најдено време да ја поправам, а и можно е да ја извадам или да ја заменам со обична сребрена фолија.
Монтирање на паркинг сензори
Промена на задните сијалички со Led сијалички
Извадени старите навлаки и исчистени седиштата (валканото е од сунѓерот од навлаките, не е земја или прашина
).
Промена на батерија на клуч (DL1620 3v).