Здравје некогаш, се надевам сонот ќе ми се исполни една ваква реставрација да направам, со 1.1 мотор и двогрли 34/34 вебер карбуратор, а внатре убави комфорни седишта, да не биде оригинал, туку да биде она како што требало да излезе од фабрика, а никогаш не излегла како таква

Интересни факти читав за 1.1 fiat 128 моторот.
Дизајниран од Аурелио Лампреди, човекот кој дизајнирал мотори за ф1 ферари и првата титула за ферари е со мотор W12 дизајниран токму од Аурелио Лампреди кој подоцна го дизајнирал и овој 1.1 фиатов мотор.
Технолошки за времето кога е дизјаниран, премногу напреден мотор, со брегаста во глава додека најголем дел од моторите биле со брегаста во блок, погонуван од ребраст каиш наспроти доминантноста на ланче.
Дизајнот на самите усисни и издувни канали каде што целта е што побрзо да се вшмука бензин/воздух мешавината и потоа што побрзо да се издува од моторот.
Самиот дизајн на усисните и издувните канали, како и брегастата во глава, а не во блок, плус во комбинација со двогрли карбуратор, 7000 вртежи стига без проблеми.