Апдејт со Фордот уште нема, ама делови се собираат по нешто. Така барајки и собирајки делови се најде и нов проект кој ќе биде малку подобар од овој.
Се работи за Форд Таунус од 1974 година. Истиот го има на форумов, постарите членови од форумот можеби и го знаат ако ја следеле темата.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,13734.0.htmlГолема благодарност до
@FORD-Retro_Style кој ми кажа за колата и јас звонејки по огласи и барајки делови дојдов до неа.
Ја видов, и после тоа следеше две недели не спиење, мислење и двоумење дали да се нафатам да ја земам бидејки колата е растурена целосно и не се знае дали ќе се соберат сите делови. Повеќето се најдоа ама голем дел има што фалат.
Во сета таа приказна за жал има и тажна приказна за која ќе зборуваме у некоја друга прилика...
Колата веднаш е однесена кај мајсторот што ќе ја фарба и се чека кај и да е да се внесе у гаража и почне да се работи на неа.
Бојата за која веќе сум скоро 100% одлучен ќе биде Grabber Blue.
Купени сите чаури и гумици за подвозје.
Благодарност и до
@GTI16V кој у разговор за барање седишта ми го предложи моделов на седишта и уште истата вечер веќе беа најдени.
Седиштата се од Alfa Romeo GTV кој ќе бидат намонтирани и секако претапацирани комплет со целиот ентериер.
Нјаверојатно ќе морам да барам нови фарови бидејки само стаклата се најдени а другиот дел од фаровите го нема. Ако некој знае некаде нека кажува.
Во моментов разгледувам каква суспензија да порачам бидејки мора да оди надолу 40-50мм.