Точно е, постои закон со кој е забрането користење на камери за снимање на јавна површина. Единствено мислам новинарите имаат дозвола да снимаат. Колку законот се спроведува не знам, но може да ти се трефне некој партиски потрчко сега цајкан, при сообраќајна контрола да примети дека имаш камера и да ти мрчи, ако воопшто ги знаат и они законите.
Што е до мене, јас би вовел закон за задолжително инсталирање камери во возилата и снимките да се важечки на суд.
Поминува бато на црвено, сними и прати до некое одделение доказен материјал, па нека се објаснува он.
Мојата желба и поента е да си направам видео од патување и да биде за одмарање очи. Значи има мал милион начини зошто сакам да снимам во возење и тоа само од ќеф од возењето, а башка тоа што го наведе дека може да се најде тоа видео и како доказен материјал. И да речеме еве се воведат камерите како легални, одма ќе се најде некој паметен што ќе бара и атестирање на камерите, да земат пари, за што друго би атестирале камера? Нема да бидам изненаден и тоа да ни се случи. Мислам сме излегле од дома и имам право во моја кола да ставам камера, ако на комшијата по 100 пати му крадат од станот, нека стави и тој камера без 100% согласност од сите станари. Мислам 2020 година сме, ера на технологија и интернет, ако сакаме поинаку да гасиме и струја и интернет и да си одиме од тука.
A toj zakonot go imate procitano ili toa sto ke vi pisat kurir i slicnite toa prenesuvate?
Искрено и мене не ми се допаѓаат тенденциозни медиуми колку да влеваат сомнежи и страв. Како што нема регулирано кој се може да биде новинар во земјава не ме чуди што се може да направи човек приказна колку само да го кликнат неговиот портал.
Имаат право да снимаат и секјурити/мекјурити фирми и авто школи.
A toj zakonot go imate procitano ili toa sto ke vi pisat kurir i slicnite toa prenesuvate?
И правдико.мк
До сега ме застанале 100 пати и никој не спомнал ништо, инаку камерчево што го имам се вади/става буквално за 1 секунда.
Авто-школи според мене МОРА да имаат камера и да го снимаат барем практичниот дел. Имав ситуација каде комисијата ми направи проблем без никаква врска, а да го имав материјалот ќе се докажував што и како. Вака се е по нивно убедување.
И на гранични премини мислам е забрането да се снима. Не знам колку се приметуваат или не, не сум забележал кола со камера до сега. Инаку идејата не ми е да ловам некој што погрешил пошто на секои 10-15 секунди се прават прекршоци кај нас, туку да снимам видео од патување за одмарање очи.