Јас бев во слична дилема како тебе само со малку помал буџет односно до 4000€. Барав нешто поголемо и по конфорно. Се изнагледав еден куп коли и за на крај да сконтам дека меривата нуди најмногу од моите критериуми за најмалку пари. Во стартот кога барав кола пробував пежовци, цитроени, голф 5ки, астри и случајно седнав во мерива. Кога седнав, реков тоа е тоа.
Јас би те советувал да видиш/пробаш мерива или зафира. Претпоставувам дека си со дечиња па ти треба повеќе простор.
Од друга страна механичарите нека не те предомислуваат. Секоја кола/марка си има по некоја фабричка мана. Гледај тебе што најповеќе ти одговара и што најлесно ке можеш да го одржуваш.
Мислам дека мерива или зафира би ти биле прав избор.
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk