Автор Тема: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG  (Прочитано 3163 пати)

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« на: 31 Јануари 2020, 20:52:05 pm »
Да го претставам мојот нов службен другар за во наредните години: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
Намерно ќе ја претставам приказната од сам почеток, прво зошто е Октавиа (која е прилично атрактивна на нашиве простори, а друго заради искуството во изминатите како и во следните месеци. Ќе ме извините за подолгиот текст, ама имав потреба од објаснување  ;)

Значи, кога падна договор да се порачува нова службена кола, и тоа на долгорочен наем или тн. оперативен лизинг, се пуштив во барање понуди, искуство кое би сакал да го споделам (се надевам дека нема да се нарушат правилата со спомнување на разни фирми).
Имено, ги посетив сите кои што имаат ваква понуда на пазарот, со конкретно барање за марка и модел, и се деси следново:
- Еуропкар, ми рекоа да сум отишол сам по салони да соберам понуди, па после да сме правеле пазар и договор, покрај разговорот на лице место и после испратеното писмено барање, не најдоа за сходно до ден денес да ми одговорат. >:(
- Авис/Буџет, истотака на лице место, па по договор испратено писмено барање, до ден денес не најдоа за сходно да ми одговорат  >:(
- Херц, ми беа најхит  ;D, одење на лице место, нема жив човек во салонот на Аутомобиле Ск кај и што се наоѓаат бидејќи истата фирма е сопственик на франшизата, се појави некој лик кој немал појма што и како, за да на крај чистачката да му се јави на телефон на одговорниот, па да ми го даде мене, за талентов да ми каже дека не работеле со други брендови и не ги интересира  >:(
Секој ден ми се потврдува мислењето дека едноставно некои фирми немаат поим од работа, а и нити па сакаат да заработат пари и нови клиенти.

- Сикст, од првиот момент на посетување на нивната канцеларија, па до состаноци со директор и одговорни луѓе, до целосна понатамошна писмена и усмена комуникација, морам да признаам дека излегоа максимално во пресрет што резултираше со добивање на договорот, со исклучок на еден момент: пролонгирање на испораката поради Порше Македонија и Порше Лизинг, наводно прв таков модел и комбинација на мотор/мењач што влегол досега во Мкд, па наводно хомологација која траеше повеќе од месец дена. Како и да е, и покрај што не е нивна кривица, Сикст ќе го кркаат од мене и ќе треба да се оправдаат.  ;D
И пред да продолжам, изборот за ТСИ падна поради изоставување од производство во последните серии на 1.6ТДИ со аутоматик.

Не ми е намерата никого да оцрнувам или фаворизирам, само да го споделам искуството, бидејќи со сите спомнати по прв пат во животот се сретнав и запознав.

И сега, колата се порача, а ја добив заменска кола дури да стигне новата и таа беше Skoda Octavia 1.6 TDI DSG.
Исклучително позитивно изненаден од колата, наједноставно објаснето без никакви „експертски“ осврти:
прво кога ја земав, не обратив воопшто внимание за кој мотор се работи, барањето беше да биде само дизел со аутоматик....после одредено време на користење мислев дека е 2.0 заради прилично солидното повлекување, за на крај да сфатам дека се работи за последната верзија на 1.6ТДИ со 120кс, одличен мотор кој многу пристојно повлекува и забрзува, но секако не е за трки. Удобност и комфор на солидно ниво. Со овој мотор, на евридеј драјвери би им бил повеќе од доволен. Друго потрошувачката е шлагот, просек од околу 5-5,5 литри од комбинирана вожња. Она што би го нашол на Октавиа (после околу 15к км поминати со неа) како мана е прво темпоматот кој е на толку глупо и не практично место ставен, да често при корегирање на брзина, знае да ти се уклучи жмигавец по грешка. И морам да го искоментирам ДСГ-то, мое видување дека дупката од некоја секунда при притискање на гаста до крај за да префрли во пониска брзина, како и глупото подрипнување на колата при тргнување поради директно префрлање во втора, без никакво подигање на обртаи или забрзување, го прави мењачот со низок квалитет во моите очи и пракса. Но како и да е, се е работа на навика, поготово што се работи за кола со која ќе морам да се дружам подолг период.

И секако еве ја привремената, Skoda Octavia 1.6TDI DSG:





За конечно да ја земам и новата, со повисоко ниво на опрема, но и за кој што мотор, првични импресии се повеќе од одлични, но секако ќе треба време за повеќе детали. Moраше да биде фрижидер бела, поради правилата на фирмата за која работам, а караван е по мој избор, опремата е избрана согласно буџетот и минимумот и максимумот на потреби  :D
Skoda Octavia Combi 1.5TSI DSG, убедливо најпоследната серија на претпоследниот модел  :D




Сега приметив дека следнава слика е малку заматена, ама прва прилика ќе ја сменам. Иначе да, има навигација, подобриот саунд систем и автоматска дигитална клима.
Едит: сликата сменета, а патосниците ќе идат во заборав во истиот момент кога ќе се земат теписонски.  ;)


« Последно менување: 01 Февруари 2020, 13:41:44 pm zvonkog »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #1 на: 31 Јануари 2020, 21:34:07 pm »
Се океј али неможеле со по грди бандаши да ја пуштат од фабрика.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #2 на: 31 Јануари 2020, 22:38:31 pm »
Немаше опција за некое бмв караван?  Вака фино изгледа се надевам ке те служи долго.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #3 на: 31 Јануари 2020, 23:04:08 pm »
 ;D БМВ-то караван ќе биде со следната нарачка  ;)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #4 на: 01 Февруари 2020, 01:41:37 am »
Како ижси задоволен од моторот и одењето и која цена излезе

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #5 на: 01 Февруари 2020, 02:31:54 am »
Прашање: Зошто Сикст а не Порше лизинг?

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #6 на: 01 Февруари 2020, 08:09:30 am »
Како ижси задоволен од моторот и одењето и која цена излезе

Првични импресии од тси-то се одлични, се приметува веднаш дека е појак и побрз од тди-то, за краток период ќе му свртам 2-3000 км па ќе пишам подетално, и мене ме интересира како ќе се понаша, особено со потрошувачката.......иначе цената излезе 23.450еур.

Прашање: Зошто Сикст а не Порше лизинг?

Затоа што само рентакар компаниите нудат оперативен лизинг, не можеше директно во Порше Лизинг.
« Последно менување: 01 Февруари 2020, 13:31:27 pm zvonkog »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #7 на: 01 Февруари 2020, 09:23:05 am »
Со здравје да се вози. Убаво караванче а и мотор со мењач.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #8 на: 01 Февруари 2020, 10:50:31 am »
Незнам дали ти текна да нарачаш -15мм подвозје, многу важна и ефтина опција е кај овие возила.

Со здравје да се возите!

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #9 на: 01 Февруари 2020, 20:01:54 pm »
Фала, ама стандард е порачана колку што знам  ;) :D

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #10 на: 10 Септември 2020, 19:19:42 pm »
Малку да ја обновиме темава, после цца 10к поминати со колава (да не беше коронава сигурно ќе беа барем дупло 😁), конечно излегов од државава, на поминати 750км од кои 30% во градска или полуградска вожња, со појачано темпо на отворен пат и многу дауншифтови и нагли забрзувања при претицување, потрошњата е на сликава.
Јас презадоволен, дури и позитивно изненаден од понашањето на колата.



Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #11 на: 11 Септември 2020, 13:16:50 pm »
 Зошто морала колата да биде бела (т.е. зошто фирмата твоја тоа го наложува)?

За полесно брендирање, дека е ефтина боја или?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #12 на: 11 Септември 2020, 13:30:56 pm »
Со постоењето на овој мотор, перформансите кои ги дава и потрошувачката која ја има апсолутно не ја гледам логиката на купување хибрид. Посебно ако во математиката ја ставиме и набавната цена.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
« Одговори #13 на: 11 Септември 2020, 17:27:26 pm »
Зошто морала колата да биде бела (т.е. зошто фирмата твоја тоа го наложува)?

За полесно брендирање, дека е ефтина боја или?
Една од главните бои во логото, плус бела кошула дрес код, а и сите службени коли низ светот ни се бели, дури и најскапите што ги возат луѓето од бордот во Швајцарија и Германија 😁 па сега ти види

Со постоењето на овој мотор, перформансите кои ги дава и потрошувачката која ја има апсолутно не ја гледам логиката на купување хибрид. Посебно ако во математиката ја ставиме и набавната цена.
Апсолутно се слагам, можеби на прва лопта не би била мој прв избор за приватен автомобил, ама некако се повеќе ми се докажува спротивното. Перформансите се сосема доволни, дури и превише за некои групи на корисници.