Јок. Носев два лаптопи и два контролери за фискализација на бензински пумпи на електрофакултетот за тестирање и сертификација пошто работам на тој проект. И замисли, за денес најавиле студентски протести низ Приштина и по факултетите а јас немав поима, тој професорот не ми кажа. И на царина кога ги пријавував ме приведоа додека испитаат каква била мојата конекција со студентските протести и што имало внатре во контролерите, да не имало експлозив или слично.... А контролерите се пломбирани од нивната управа за приходи а оние не им верувале на пломбите. И едвај ме пуштија да се вратам и следен пат да доставам потврда од управата за приходи дека тие даваат гаранција за содржиата на контролерите.
Сега еве се прибрав, па здравје ќе одам утре пак, ако оие пратат документи. Абе луда работа, се прашувам што мајка барам јас таму, кога за тоа не ме плаќаат дополнително, немам осигурување (всушност ниедно осигурување не важи на Косово), GPS сервисот е блокиран, дури и Google maps не функционираат за Косово....