случајно ми падна у очи спортсванот, го рачунав доста поскап, накај 25К, и ми беше надвор од буџет. Ама со вакви цени на ново или и половно со гаранција, би требало да е ок понуда. Плус од 01.07 ДДВ ќе го намалат од 19% на 16%, таман до тогаш да проверам уште некои модели на возила па да се решам.
Иначе бев во салон да ги видам и убаво да ги разгледам и измерам Kamiq, Karoq, Scala и новата Octavia. Би бркале работа и Kamiq и Scala, би не собрало, но нема да е комотно баш баш. Karoq-от би бил добра опција, но со 1.5 TSI или 1.6 TDI е прескап, а 1.0 TSI може да е премал. Истото и кај голфот може да е случај, ќе проверам и провозам. Октавијата е прескапа новата, имаат 1.5 TSI со средно ниво некое, додуша повеќе од доволно, и цена од 36К.
Пријатно сум изненаден од просторот во Шкодите, иако беше спомнато тука а и од моето претходното искуство кое сум го имал со Шкода очекував да е така, и сега ми се потврди истото и со овие последни модели.