Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 658416 пати)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2970 на: 10 Ноември 2017, 06:53:42 am »
Ехее тука се гори "водно" секој ден.
Он топик: Редно е да се почне да се намалува цената на парното и да се стимулираат граѓаните да купат инвертори, или пелети или...

ако ти е сликава од Топлификација, тие се одамна на гас
Цементара е, плус мислам дека имаат филтри на оџаците.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2971 на: 10 Ноември 2017, 08:00:00 am »
Колку една куќа од лисиче загадува.
Циметара, со гумите?
@zeroSignal колку се веродостојни информациите? Некако многу ми се гледа една печка на дрва да прави штета како 500 аута... Ако се гори што ќе дојде при рака таман е :)
Сме пишувале лани и преклани. Не е како 500 туку како 1000.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2972 на: 10 Ноември 2017, 09:00:49 am »
За ова ли се боревме ??!! ;D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2973 на: 10 Ноември 2017, 10:40:44 am »
http://faktor.mk/izduvni-gasovi-kakva-eko--nalepnica-kje-dobie-vasheto-vozilo
ИЗДУВНИ ГАСОВИ: Каква еко- налепница ќе добие вашето возило?

Цитат
Огромен дел од домашниот возен парк ќе се најде под удар на мерката која се планира да се преземе за да намали аерозагадувањето во Скопје, а тоа е воведувањето на еко- налепници со соодветна боја, според која ќе се исклучуваат од сообраќај возилата кои прекумерно испуштаат издувни гасови. Дури осум од десет автомобили паркирани пред вашата зграда се произведени пред 2005 година, а половина од нив се на дизел- погон, кој незадоволува ниту една европска еколошка норма, покажува публикацијата за транспорт на Државниот завод за статистика, која се однесува на состојбата во 2015 година. До денес, не е подобрена оваа статистичка сообраќајна слика, туку напротив, само е влошена.

Ова значи дека решавањето на проблемот со аерозагаденоста предизвикана од сообраќајот ќе биде многу тешка задача за која ќе треба да се повлечат и политички непопуларни потези. Но, смогот и маглата во Скопје и другите градови веќе неколку години наназад се алармантна реалност, за која од надлежните институции се уште немаат соодветен одговор. Како главни виновници за загадувањето се посочуваат греењето на дрва и друг несоодветен материјал, градежната офанзива и индустријата, а во овој текст ќе се обидеме да фрлиме малку повеќе светлина на влијанието на издувните гасови од возилата врз животната средина.

„Олдтајмери“ по улиците

Еве што кажува статистиката. Дури 80 отсто од автомобилите што се возат по македонските патишта се постари од 10 години, односно од вкупно 340.000 патнички возила регистрирани во 2015 година, 305.000 се „олдтајмери“. Возачите на голем дел од нив ќе останат затечени кога на технички преглед нивните автомобили ќе добијат црвена налепница, која ќе му даде право на градоначалникот Шилегов да ги отстрани од скопските улици во период на најголемо аерозагадување. Грото од овие возила исполнуваат „еуро 3“ еко- стандард бидејќи дури од 1 јули 2016 година се доволи увоз на стари автомобили со најмалку „евро 4“ норма. А, колку овие возила се далеку од највисокиот „евро 6“ стандард се гледа од следнава споредба. Нормата „еуро 3“ од јануари 2000 година ги ограничува азотните оксиди на 500 мг/км, како и на количината на ПМ честички чад на 50 мг/кг. Актуелната норма „еуро 6“ ги поместува овие граници многу понапред, на 80 мг/км за азотните оксиди и 4,5 мг/км за ПМ честичките чад.

И сега Законот за возила пропишува задолжителна проверка на издувните гасови при прегледот на техниката исправност на возилата. Но, очигледно е дека тоа се прави инцидентно бидејќи ретки се случаите на исклучено возило од сообраќај поради густ црн дим од ауспухот, иако такви возила има многу по улиците.

Дизелашите дуплирани

Но, покрај стариот возен парк, загрижувачки е дуплирањето на бројот на патнички автомобили со дизел мотор во последниве пет години, од 85.426 возила на 163.038, како резултат на олабавената регулатива за увоз на стари автомобили.

Изборот на моделите зависеше од длабочината на џебот на просечниот Македонец. Тоа се, во најголем број, половни возила кои исполнуваат стари или воопшто не исполнуваат еко- норми, кои Европа забрзано сака да ги тргне од своите патишта. Ова придонесе да се зголеми потрошувачката на дизелот, а со тоа и на емисијата на штетни материи и прекумерно загадување на животната средина.

Така, од регистрираните 383.833 автомобили во Македонија, најголем дел или 209.122 се бензинци, а 163.038 се со дизел мотор и уште 744 возат на мешавина или речиси половина од возниот парк. Уред за погон на авто- гас имале вградено 10.896 автомобили, а 33 од регистрираните биле хибридни и електрични возила.

И Скопје е преплавено од дизелаши. Во метрополата има 85.907 бензинци и 48.291 „нафташи“. Ако ги додадеме автобусите, камионите, работните и влечните возила и трактори, се добива речиси идентичен број на возила на бензин и дизел. Дополнителен притисок прават и големиот број на возила кои секојдневно доаѓаат во главниот град од внатрешноста.

Во услови на лоша економска состојба на земјата и слаба куповна моќ на обичниот човек, решавањето на аерозагадувањето од сообраќајот ќе биде голем залак за носителите на одлуки. Било која мерка, како ограничување на правото на користење на возилата, поголеми давачки за регистрација за нееколошките возила или задолжително вградување филтри, ќе предизвика револт кај возачите, но од некаде мора да се почне.
Ништо не е кажано очигледно. Ама како да се алудира на тоа 2005та да е катоф и еуро3 и надоле да се исклучува. Што не е лоша идеја во секој случај. Барем да се намали гужвата во тој период, и онака нема да има скоро никаков ефект на загадувањето.

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2974 на: 10 Ноември 2017, 11:14:28 am »
https://www.facebook.com/TED/videos/10159568738230652/?hc_ref=ARS8UsuPSU0W8nT_ZpX5DEGveerTsWeAkttXf3g2qlO-m9viu9d9wPmnDwzDoh8KYV8

Додека ние паламудиме и се занимаваме со Зајковци и Патковци, светот отиде уште понапред.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2975 на: 11 Ноември 2017, 17:13:50 pm »


https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/parkovi-zelenilo-gi-iseche-drvata-vo-park-vo-chair-shilegov-ne-znael-za-sechata/



Вишак беа овие, у Чаир стварно претерано е чист ваздухот ...

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2976 на: 11 Ноември 2017, 17:33:52 pm »
Ајде паркобрани во напаааааад...или нема сеа сендвичи?!? :/
New blood of old school

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2977 на: 11 Ноември 2017, 17:56:16 pm »
Ќе се врата изгледа филмојне со ххо генератори...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2978 на: 11 Ноември 2017, 17:57:15 pm »
Не мешај брзини, Сендвичообезбедувачите сечат дрвја у 3 саат по полноќ, со припадници на специјалните единици на полицијата.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2979 на: 11 Ноември 2017, 18:30:51 pm »


https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/parkovi-zelenilo-gi-iseche-drvata-vo-park-vo-chair-shilegov-ne-znael-za-sechata/

Вишак беа овие, у Чаир стварно претерано е чист ваздухот ...

Го искористиле тоа што Шилегов не знаел. Да знаел ќе спречел, ама ете... :(

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2980 на: 11 Ноември 2017, 21:02:19 pm »
Не мешај брзини, Сендвичообезбедувачите сечат дрвја у 3 саат по полноќ, со припадници на специјалните единици на полицијата.
Нив им креваа бунтови,протести па на п****ски начин сечеа,овие сега сечат да покажат сила дека никој не смее да зуцне.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2981 на: 11 Ноември 2017, 21:42:20 pm »
Истото ќе ги снајде и нив, само се надевам нема да се чека декада и кусур додека народот да санкционира.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2982 на: 11 Ноември 2017, 22:26:17 pm »
Немаме избор веќе за жал

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2983 на: 11 Ноември 2017, 22:47:03 pm »


https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/parkovi-zelenilo-gi-iseche-drvata-vo-park-vo-chair-shilegov-ne-znael-za-sechata/

Вишак беа овие, у Чаир стварно претерано е чист ваздухот ...

Го искористиле тоа што Шилегов не знаел. Да знаел ќе спречел, ама ете... :(

Луд јебе збуњеног

Немаме избор веќе за жал

Немавме и пред оваа багра, ама македончето не учи од искуство, со други зборови noob.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2984 на: 11 Ноември 2017, 23:09:15 pm »


https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/parkovi-zelenilo-gi-iseche-drvata-vo-park-vo-chair-shilegov-ne-znael-za-sechata/

Вишак беа овие, у Чаир стварно претерано е чист ваздухот ...

Го искористиле тоа што Шилегов не знаел. Да знаел ќе спречел, ама ете... :(
Нешто го дефокусирале иначе мамата ќе им ја ебеше на сечачите...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk