како што читав последно има голема улога и темературата притисикот на воздух кој кога е времето ладно не се крева воопшто нагоре како во лето па сите честички остануваат во Скопје.
Наводно ако и воопшто да не се грее на ништо освен парно во СКопје, пак би имале загаден воздух од автомобили, нормално не до таа мерка како сега ама ако не задува ветер постепено може да се зголеми и до висок степен.
така да појма немам, сигурно има некаква врска ама реално без гасификација проблемот на Скопје ќе остане со загаден воздух, никакви мерки нема да го решат.
А знаете на кои мерки ке удрат прво, кола не вози, зошто неможе да рече не се греј дома. а невозење коли ќе има помалце од 10% ефект ама тоа е јебига
1. Точно така. Кога е температурата околу 0 Скопје ќе е загадено. Воздушните маси стагнираат. Тоа е јасно веќе 500 години наназад. Но 100ПМ честички не се ВООПШТО исто со 600ПМ честички.
2. Ако е -15 или +15 степени барем неколку часа во денот ќе се растрга загадувањето без разлика на се. Или ако има ветер. Тогаш и сите да се греат на дрва ќе е чисто. Ама тоа е природа, и неможе да се менува.
3. Ветрови ќе имало ако нема згради. Не е точно. Ветровите се движат во висина од 100-5000 метри, зградите во просек имаат 20 метри, чат пат некоја да има 40. Башка Скопје е подрачје во кое не е дозволено градење (или многу ретко) на кули над 15 ката.
4. Гасификација е одлично но исклучиво за големи корисници топлани и слично. Допрва да се носи гас во домаќинства никако нема да се случи. Особено во држава каде регулативи се мислена именка, а за инспекција не се чуло. Ќе се пламнат зградиве и куќиве многу брзо. Не е работата дали јас сакам гас, туку дали сакам комшијата под мене да има гас!? Никако!
5. Ќе удрат по најлесните мерки. Колите. Но исто лесна мерка е да се намали ДДВ на топлински пумпи (клими) од 18% на 5%, и царина од 18% на 5%. И веднаш да се отстранат субвенциите од пелети и да се качи ддв на 18%. Така да има мала шанса на некој писмен да му текне дека може да се оправи загадувањето и на овој начин.