Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 594948 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1425 на: 23 Мај 2015, 11:08:53 am »
Дечки,ова е мој пост на FB групата https://www.facebook.com/groups/vozduhsega/
Цитат
Сограѓани,бидејќи никој од надлежните не превзема ништо за да го открие и спречи ониј што неколку години по ред пали секаков отпад и не труе без око да му трепне,ајде да се организираме ние да го најдеме на најпримитивниот можен начин,а тоа е со трагање по миризбата,зашто друг метод не ми текнува бидејќи немаме други ресурси.Има ли доброволци со скутери и велосипеди,да се собереме,поделими по групи и да најдеме кој и од каде пали?Ќе пријавиме веднаш во полиција и ќе искочат на терен.Друго чаре нема,освен самите да превземеме нешто да се спасиме од труењето

има ли авантуристи од форумов да помогнат?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1426 на: 23 Мај 2015, 11:23:49 am »
Ја живеам во Тафталиџе, кој ги хухухуху аеродромци...

Секако се шалам. Јас сум ЗА, само дај некоја информација повеќе. Немам скутер ама блиску сум до скутер со спарков.
Што пали типот и каде од прилика? На што мириса?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1427 на: 23 Мај 2015, 11:52:30 am »
Мириси на пластика,гума,тешка миризба е.Незнам од каде е точно,бев и до стационарот за кучиња,од таму ми реков дека поделе некој пали гуми со се бандаши,дека доаѓало и полиција,ама без успех.Последниве неколку дена во Ново Лисиче многу смрди од кај 20 часот па до доцна во ноќта,не се остава отворен прозор или врата од тераса.Миле,теренот е таков да на некои место неможе да се пројде со кола по тесни патчиња,затоа со точак или скутер е најдобро.Со кола ќе мора некаде да ја оставиш па после пешки да се иде и да се трага.Не викам дека од прва вечер ќе го најдеме виновникот и дека ќе биде лесно,ама мора нешто да се превземе,зашто изгинавме.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1428 на: 23 Мај 2015, 12:20:22 pm »
Секоја вечер, сите што можеш да ги убедиш - пријавувајте во полиција. И во локалните штабови на двете најголеми партии... Ако сте доволно упорни, секако ќе направат нешто (едните или другите).

Ако не сте упорни и доволни бројни, ќе заклучат дека можат (да продолжат) да ве игнорираат. Ваљда со право.
За поздрав е иницијативата, ама сами ништо не правите - освен ако не мислите да идете до крајот (кој секако е влакнест).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1429 на: 23 Мај 2015, 23:24:24 pm »
Пиши на фејзбук на страницата на некое од еколошкиве друштва.
Порано јас нешто подработував во Сојузот на еколопки друштва, ама тоа беше ептен одамна, сум ги заборавил сите луѓе таму.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1430 на: 26 Мај 2015, 23:37:02 pm »
Загадувањето не заврши со грејната сезона

Цитат
Отровните честички ПМ10 во повеќе градови и скопски населби сè уште се над дозволеното ниво, иако грејната сезона одамна заврши. Изминатава недела висока концентрација на ПМ10 честички е забележана во Кочани, Кавадарци, Кичево и во скопските населби Лисиче и Гази Баба. Најлошо и понатаму е во Тетово, каде што загадувањето е двојно поголемо од дозволеното. Покрај овие податоци за надминување на 24-часовните гранични вредности, уште позагрижувачки се податоците што покажуваат како се движи загадувањето од час во час. Во вторникот во Гази Баба во еден момент загадувањето било 4 пати поголемо од дозволеното, а во понеделникот уште поголемо загадување имало во скопско Миладиновце - 5 пати над дозволената граница....

http://okno.mk/node/47331

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1431 на: 26 Мај 2015, 23:56:59 pm »
Па не би рекол баш дека е точно пишаново, загадувањето е драстично намалено и е многу ретко ван границите на нормалното. Бујрум статистика од најзагадената мерна станица во Скопје.

« Последно менување: 27 Мај 2015, 00:12:07 am achtung »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1432 на: 27 Мај 2015, 00:45:24 am »
абе... види вака...  јас живеам во лисиче, и веројатно нај убаво знам кога е загадено а кога не е... дефинитивно не е како зимоска, ама ни од далеку не е како што треба. пак навечер кога ке погледнеш накај уличното осветлување, се гледа сив воздух. незнам од каде ги копаш податоциве, кој ги линкува и кој ги мести, ама не се веродостојни... ти потврдувам од прва рака на корисник...

заклучокот е дека не е ни до железара фабриката, не е ни до лугето што живеат во лисиче и се греат на дрва.. туку е од.......? додади свое мислење кај точките (било кој, не само ахтунг)... чист воздух има само кога натурализираните скопјани ке си отидат по родните грутки... нај изразено е за продолжените викенди...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1433 на: 27 Мај 2015, 02:28:25 am »
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality

Можности:
- Податоци во живо од 17 мерни станици и 7 типа на загадување
- Графички приказ на последните 24 часа или 20 дена

Патем станиците не се од него поставени туку се странска донација од пред неколку години. Само што него му има текнато да ги искористи податоците. И од метеролошки завод (или кои да се грижат за квалитет на воздух) му се јавиле да го прашуваат кој му дал да става станици, а истите биле нивни. :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1434 на: 27 Мај 2015, 02:41:18 am »
сликине горе покажуваат дека се е во ред со воздухот... така?

ако е да, тогаш, може да земе тој (кој и да е) и со апликацијата да изврши самоубиство... не е точна...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1435 на: 27 Мај 2015, 02:44:48 am »
Само што ти кажав од кај се податоците ти пак за него збориш..

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1436 на: 27 Мај 2015, 02:47:52 am »
и јас само што убаво објаснив, ти пак го дрвиш со податоците... ај ке пробам вака... јас не зборам за ахтунг, туку зборам за тој што ја направил апликацијата... едноставно нели, не се точни податоците... или не пренесува нешто како што треба, или не учитува како што треба, или па некој ги мести станиците да покажуваат дека се е во ред...

како и да е, сликите (скрин шотовите) од апликацијата НЕ КОРЕСПОНДИРААТ СО ВИСТИНСКАТА СИТУАЦИЈА НА ТЕРЕН...

значи?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1437 на: 27 Мај 2015, 02:55:35 am »
Податоците се отворени податоци и тие се од заводот. Не се негови податоците, програмата само ги става во убави обоени цртежи за да изгледаат интересно. А колку се точни мерните станици пошто многу ги чуваат е друг муабет. Ако не кореспондираат сега бидејќи утнале за 10/20 микрограма замисли зимоска над 1000 кога се качи во Лисиче за колку утнале. Повторувам, во податоците се тие од мерењата, грешка се јавува поради неодржувањето на истите станици.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1438 на: 27 Мај 2015, 10:27:31 am »
незнам што ти е проблемот на тебе стварно...  пријател ти е тој што ја направил апликацијата што толку го браниш? искрено, ме заболе стапот дали е апликацијата точна, дали му функционира, дали заводот ги одржувал ил не станиците итн итн...

уште во првиот пост убаво напишав дека ПОДАТОЦИТЕ НЕ СЕ ТОЧНИ затоа што живеам таму и ја гледам сосотјбата на лице место.. ова ме потсеќа на сител... постојано ти велат дека се е во ред и убаво се живее...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1439 на: 27 Мај 2015, 10:28:49 am »
Стакло е воздухов денес, за мерак. Тоа е, пројде зимата.