Треба зонски да се забрани влез на дизел возила во центар. Стипсите штедејќи ќе не угушат.
5 литра дизел загадуваат помалку од 10 литра бензин, научно докажано.
Скопје има проблем со Pm10 честици кој кај дизелот ги има и те како
. А за коли со вадени ДПФ филтри и такви работи ич муабет да не праиме
Современите дизел автомобили се најмал проблем што се однесува до загадувањето со микрочестички. Еве и зошто:
1. дизел моторите, за разлика од бензинците, го регулираат гасот со количината на вбризганото гориво, додека вкупното количество усмукан воздух зависи само од вртежите, но не и од притисокот на педалата за гас. Дизел мотор при мали оптоварувања целосно го согорува горивото и емитира многу малку микрочестички. Дизел чади црно само кога е оптоварен и тоа здраво, т.е. кога односот воздух/гориво натежнува во правец на горивото. Доколку дизелот се вози плански и умерено (како што и треба да се вози низ град) многу ретко испушта црно од ауспух.
2. современите дизел мотори имаат катализатори и дпф. Само дпф филтерот филтрира речиси 80% од микроскопските тврди честички, дури и под полн гас (кој низ град колите ретко го добиваат)
3. не знам дали си приметил, но на повеќето дизели крајот на ауспухот е свртен надоле. Заради тоа, еден дел од микрочестичките (од она малку што прошло низ катализаторот и дпф) се лепи за асфалтот и не учествува во брљавењето на воздухот.
4. Иако едно литро дизелот несомнено повеќе загадува од едно литро бензин, потрошувачката на дизелите е доволно помала да компензира за тоа.
Што се однесува до евидентното загадување со микрочестички,тоа подекнува главно од:
- прашина и прљавштина. Се доека можат калливи коли од нива директно да искачаат на пат/улица, при тоа оставајќи каллива трага со километри без да бида казнети, ќе има загадување со микрочестички. Прашина има СЕКАДЕ. Никој не е казнет за прљање.
- непостоење на екотест при регистрација-технички преглед. Кај нас може неказнето дефектен мотор да прави облак од чад. За такво нешто на запад се иде у затвор, а колата ни у лудило нема да може да се регистрира и вози легално. На технички преглед ти брцаат црево у ауспух и ако чадиш - кур регистрација. Со камионче ќе си ја носиш колата на првиот сервис да си ја средиш.
- стари автобуси, камиончиња, доставни возила и слични извори на бронхитис и рак. Едно натоварено тамче додека да се прошета низ центар ќе усмрди повеќе од стотина модерни дизелчиња кои зујат на 1500-2000 рпм и трошат ко упаљач. За старите канти наречени приватни автобуси и да не збориме (овие новите украинци и кинези имаат дпф)
- индустриски капацитети. во центар имаме топлана на мазут, ало
- (често потценуван извор на микрочестички) греење на дрва. Дрво кое гори ослободува вагон канцерогени микрочестички.
- стари канти од коли кои, благодарение на брилијантната далекувидост на владата, наместо на отпад завршија на нашите улици. Продувани конзерви со дубиозна компресија кои за воопшто да идат треба да бидат стискани на 3000+ вртежи = црно од ауспух.
- неодговорните морони кои вадат катализатори и дпф. За ова треба да попијат мрсни казни, а не да им се гледа низ прсти.
Проблемот со загадувањето со микрочестички во Скопје така е повеќе резултат на политиката отколку на модерните еуро 3, 4 и 5 дизели.
Како доказ би го издвоил Сингапур. И покрај големата популарност на дизел колите, Сингапур е еден од најчистите градови на светот што се однесува до загадување со микрочестички. Нема стари канти, нема греење на дрва, нема носење кал на асфалт. И тоа е тоа. Нема микрочестички.