Испод част е кај нас да идеш со автобус. На запад не.
Проблем кај нас до скоро беа стари, усмрдени, прљави автобуси. Сега ситуацијата е малце потсменета, али има уште простор за напредок на тоа поле. Во секој случај сега нема да излезеш по смрдлив од што си влегол
![Grin ;D](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/grin.gif)
Станици фала богу мислам дека има доволно и не се така лошо распоредени, али може и да грешам. Ете и таму нека има простор за напредок.
И нормално, точноста на автобусите и почитување на возниот ред се многу битни, за да се испланира убаво времето и да не треба да чекаш 2 саата на автобуска.
А за имањето еден саат повеќе е релативно. Ти додека се клацкаш у бусот, шоферот на истиот се нервира со идиоти возачи, и возачите на коли исто се нервираат со тргни застани, пцуење, ебавање мајки и сестри и слично. Поспоро е со бус, ама се клацкаш без нервози
![Grin ;D](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/grin.gif)
А ако стигнеш пола саат покасно на ручек дома, нема да пропадне светот.
Секако ова го зборам за идење и враќање од работа. Под услов или да имаш веќе службена кола на работа, ако ти е потребна, или работата не ти бара кола или поголема мобилност во текот на работното време. И не зборам за екстремни услови на +600 во лето и -300 во зима
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)