Не ама се курчеше дека ќе го среди. И он е власт у градов. Кај се мерките?
Sent from my SP551 using Tapatalk
Дали за 40 дена и некој од Шведска да дојдеше денес немаше да биде загадено како што е?
Да бидеме реални, чуда нема шанси да се случат за кратко време, а се согласувам дека не гледаме дека нешто многу многу се работи на случајот.
Слушајте ги и другиве гости од емисијата, никој не дава решение од денес за утре. Но фала богу мора да почне уште денес да се носат закони, да се преземаат мерки, а тоа мислам дека не се прави доволно.
Проблем е за тие што се греат на дрва да платат сметка за струја од 6000 денари или да купат клими за дома за 2000 евра?
Да купат дрва за 40000 секоја година, да кречат секоја година или секоја втора за 10000, да чистат оџаци за 2000 секоја година, да цепат дрва секоја година и да се отруеме живи секоја година.
Наместо две клими од по 30000 и сметка од 6000 денари во два месеца од годината.
Ако ја вртиш математиката таа секогаш ќе е на страна на инвертерот. Дури и без да има загадување. А тек ако пресметаш и трошоци за лекување на рак на плуќа бајаги поскапо испаѓа греење на дрва ВО ГРАД. На село пеки греење на дрво.
Се согласувам во целост. Затоа мерка да се намали цена на струја не е права мерка, туку мора да се мотивираат со субвенции поврзани со казни или давачки за да сменат од дрва на клими.