Цептеров е преценет, има многу поефтини марки кои се одлични. Покрај цената исто треба да се гледа и колку е цена на комплетна промена на филтри. Исто како принтер и тонер. Ако е 400еур уредот, а 60еур филтер повеќе се исплати од уред кој е 300еур а промена на филтер е 110еур. Зошто првиот филтер се менува после 4-6 месеци зошто ќе ја усиса целата земја од станот и ќе се земјоса. Веќе вториот ќе трае дупло од првиот и секој нареден исто.
Има Шаоми добар чистач за 300еур. Лани имаше грее добар модел за 200еур, оваа година е поскап и појак модел ама е потапа со сензорите. Winix имаат добри модели зависи кој ќе се најде. Блуеаир имаат многу добри докај 400еур. И други секако. Поентата на филтерот е многу проста и никако несмее да се преплаќа. Важно е да има еден карбонски филтер и толку, другото се финеси што скоро сите ги имаат.
Клима се става задолжително за зима кај нас зошто е најефикасно и најеколошко и најефтино греење за овој реон.