Еве вака по твое, што да се прави со РЕК? 
По мое ? Да дојди некој од нормалните европски држави и да го земи под своја капа, само тоа е чарето за ред. Ни филтри се ставени ни отпепелување има се си течи по старо, Рек е само машина за пари и тендери на поединци, секој ден по миљони калапат дури се труеме и пцојсваме сите од рак полека, конкретно јас дома сите ги закопав уште мајка ми остана здрава, веќе почнав со спуштање на сандаци на најдобри другари од пред некоја година, а и јас не сум нешто сјаен.
70% од вработените се вишак партиски напикан, 4 пати поќе луѓе има вработени од ко е отворен а 4 пати помалце работа има. Имам школски полно шо се напикани рандом позиции од багеристи , пожарникари,шофери итн..Еден времето на багер го врви со то шо го пали за да вртат сати за да зема некој друг пари од кај шо е изнајмен багерот и ако не спие си копа дупки и закопва буриња па си ги бара после... Друг имам пожарникар, незнај пожарната кај се наоѓа низ Рек.. Еден таков зема 35+ иљади плата, тоа се Сметките за струја на 10 фамилии со ниски примања да се платат!!
Отпушти ги сите еве ти субвенционирана струја за дел од граѓаните, за другиот дел нека се купи сопствена механизација место да му плаќаат на поединци тендери за механизација еве уште толку плус пари за субвенционирање, топлана за да се искористи нешто за греење, фотоволтаици итн...
А прасињата, е тие си ги јадиме сите

Исто и кравите од Зик Пелагонија од раѓање се клукани со хемија еден куп, цел живот седат во лајната со глајте меѓу решетки и ко ке пцојса некоја стара ја земаат некој од познатите македонски месарници

))