Е бе сограѓани, излегувам на тераса некоја минута пред 20:30 и чекам - едно ебано светло не се изгаси во маалово!
Така ли се одбележува Денот на планетата Земја?
не се чувствувам должен да одбележувам некакви денови кои ги назначил некој друг со некаква скриена цел...

но да речеме, ете, сакам да се приклучам кон таква иницијатива која СЕ ОДБЕЛУЖАВА НИЗ 170 ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ... знаеш кога дознав дека тоа беше вчера? сабајлево во 02:30 одприлика, кога ми излезе на фејс слики од репортажа... објаснувањето е лесно:
СИТЕ МЕДИУМИ се преокупирани со политичката ситуација во државата, како и одработување за политичките партии (нема независен медиум, да не се лажеме, сите припаѓаат на едните или другите) и едноставно се презафатени со експицитно делење сТрања кој е подобар или полош избор... од таа причина за теми, приказни, стории и слично со убава цел НЕМА МЕСТО во нивните содржински пакети... ни на портали, радио, телевизија, блогови, сајтови итн итн... НЕМА информација... како јас побогу да дознаам дека такво нешто е организирано? не се трудам да памтам датуми, за нив нема место у мојата глава, бидејки е преполна со податоци.
за таков чин требаше да не известат, иако еве јас конкретно не гледам ниеден МК ТВ канал, поготово во последните 5 месеци (кога почна предизборието) дефинитивно МК каналите фатија бројки на ТВ таму при крајот... нека ги има за нешто вонредно ако треба, ама за секојдневие се забранети... сепак, постојат радија и портали...
што се однесува до тоа дека кога би морал да изберам БИЛО КОЈА македонска ТВ станица затоа што да речеме НЕМА веќе странски канали, би се префрлил на опција наместо телевизор, да монтирам некоја убава 3D слика, затоа што изборот би бил адекватно исто да го одбереш нај чистото топче од овде...
