Некои дрва се зимзелени. Ако се намалила зелената површина на 1/4 од она што било пред 20 години во градов, сигурно и зимзелените го „попушиле“ во ист однос. Башка есап, кумулативно е добро од рана пролет до доцна есен да дишеме почист воздух.
И зимзелените се во целосна хибернација зимно време.
Самото испуштање на кислород и дишење на дрвата е всушност и процес на складирање на јаглеродот во вид на "дрво". Бидејќи нема раст нема ни кислород.
Буквално како што ние при градење на ствари и растење ослободуваме јаглерод диоксид, така дрвата како ѓубре го исфрлаат кислородот. Со тоа може и да заклучиме колку помалку апсорпција имаат зимзелените дрва од листопадните. Тоа е пред се зошто секое едно ливче е буквално изградено од истиот јаглерод диоксид кој ти си го издишал или озгорел. Истиот атом е сега лист! Сите тие видливи листови се всушност складиран јаглерод. И тоа многу од тој е вишок кој се фрла како паднат лист од дрвото. За разлика од иглолисните.
Затоа дрвата немаат никаква врска во јануари и декември со загадување. Ниту ќе имаат. Освен со нивното горење. За разлика од тоа во Аптрил и Мај имаат енормна врска кога апсорбираат баснословни количини во себе.
Зимно време останува само да се произведе помалку ѓубре во атмосфера. Нема кој да го чисти освен ние самите.
Дрвата не ни се криви.
За во мај, пеки.
Нема раст=Нема кислород