Долгорочно, воздухот во Скопје може да се среди со:
1. Гасификација и евтин гас. Колку побрзо, толку подобро. Да се почне од источната страна на Скопје (Лисиче, Аеродром, Маџари, Ченто, Автокоманда) и да се тера полека-полека кон останатиот дел од градот.
2. Наметнување на што е можно поефикасни филтри за сите индустриски погони и сите оние што се греат во сопствена режија а не е на струја. Ако треба и државата нека субвенционира дел од опремата за приватни лица. Комшија на 50 метра од мене се грее на нафта, вчера кога му го видов оџакот страв ме фати. Треба да сликнам деновиве ако го начекам пак.
3. Конечно вистинско проработување на техничките прегледи за возила (особено камиони, комбиња, итн, итн).
Нека биде јасно, Скопје не е загадено од возила. Односно, возилата придонесуваат за загадувањето, ама незначително малку во однос на другите извори на загадување. Мање-више истата бројка на коли се врти низ градов и во лето, па не е толку загадено - а низ населбите каде што загадувањето е најзабележливо во овој период од годината, мириса на чад, не на издувни гасови. Загадувањето е од луѓето што се греат на што ќе стигнат, без никаква филтрација на тоа што се пушта во атмосферата.. Ми текнува на оној талентот од Ѓорче што се грееше на украдени греди од пруга, потопени во кујзнае какви масла и восоци за да не иструлат.. Такви примери сигуно има илјадници низ градов..