Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 576587 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #150 на: 07 Февруари 2013, 18:31:58 pm »
Треба зонски да се забрани влез на дизел возила во центар. Стипсите штедејќи ќе не угушат.

5 литра дизел загадуваат помалку од 10 литра бензин, научно докажано.
Скопје има проблем со Pm10 честици кој кај дизелот ги има и те како :). А за коли со вадени ДПФ филтри и такви работи ич муабет да не праиме

Современите дизел автомобили се најмал проблем што се однесува до загадувањето со микрочестички. Еве и зошто:

1. дизел моторите, за разлика од бензинците, го регулираат гасот со количината на вбризганото гориво, додека вкупното количество усмукан воздух зависи само од вртежите, но не и од притисокот на педалата за гас. Дизел мотор при мали оптоварувања целосно го согорува горивото и емитира многу малку микрочестички. Дизел чади црно само кога е оптоварен и тоа здраво, т.е. кога односот воздух/гориво натежнува во правец на горивото. Доколку дизелот се вози плански и умерено (како што и треба да се вози низ град) многу ретко испушта црно од ауспух.

2. современите дизел мотори имаат катализатори и дпф. Само дпф филтерот филтрира речиси 80% од микроскопските тврди честички, дури и под полн гас (кој низ град колите ретко го добиваат)

3. не знам дали си приметил, но на повеќето дизели крајот на ауспухот е свртен надоле. Заради тоа, еден дел од микрочестичките (од она малку што прошло низ катализаторот и дпф) се лепи за асфалтот и не учествува во брљавењето на воздухот.

4. Иако едно литро дизелот несомнено повеќе загадува од едно литро бензин, потрошувачката на дизелите е доволно помала да компензира за тоа.

Што се однесува до евидентното загадување со микрочестички,тоа подекнува главно од:

- прашина и прљавштина. Се доека можат калливи коли од нива директно да искачаат на пат/улица, при тоа оставајќи каллива трага со километри без да бида казнети, ќе има загадување со микрочестички. Прашина има СЕКАДЕ. Никој не е казнет за прљање.

- непостоење на екотест при регистрација-технички преглед. Кај нас може неказнето дефектен мотор да прави облак од чад. За такво нешто на запад се иде у затвор, а колата ни у лудило нема да може да се регистрира и вози легално. На технички преглед ти брцаат црево у ауспух и ако чадиш - кур регистрација. Со камионче ќе си ја носиш колата на првиот сервис да си ја средиш.

- стари автобуси, камиончиња, доставни возила и слични извори на бронхитис и рак. Едно натоварено тамче додека да се прошета низ центар ќе усмрди повеќе од стотина модерни дизелчиња кои зујат на 1500-2000 рпм и трошат ко упаљач. За старите канти наречени приватни автобуси и да не збориме (овие новите украинци и кинези имаат дпф)

- индустриски капацитети. во центар имаме топлана на мазут, ало

- (често потценуван извор на микрочестички) греење на дрва. Дрво кое гори ослободува вагон канцерогени микрочестички.

- стари канти од коли кои, благодарение на брилијантната далекувидост на владата, наместо на отпад завршија на нашите улици. Продувани конзерви со дубиозна компресија кои за воопшто да идат треба да бидат стискани на 3000+ вртежи = црно од ауспух.

- неодговорните морони кои вадат катализатори и дпф. За ова треба да попијат мрсни казни, а не да им се гледа низ прсти.

Проблемот со загадувањето со микрочестички во Скопје така е повеќе резултат на политиката отколку на модерните еуро 3, 4 и 5 дизели.

Како доказ би го издвоил Сингапур. И покрај големата популарност на дизел колите, Сингапур е еден од најчистите градови на светот што се однесува до загадување со микрочестички. Нема стари канти, нема греење на дрва, нема носење кал на асфалт. И тоа е тоа. Нема микрочестички.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6591
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #151 на: 07 Февруари 2013, 18:38:44 pm »
И сеа ке имаш реплики дека на златното бензинче ке му ставиме плин и помалку ке загадува отколку на бензин ако го возиш :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #152 на: 07 Февруари 2013, 18:39:43 pm »
И сеа ке имаш реплики дека на златното бензинче ке му ставиме плин и помалку ке загадува отколку на бензин ако го возиш :D

плинот е дефинитивно по чист и од бензин и од дизел.

но, поентата ми беше дека дури и ако се забранат дизел коли низ град тоа НЕМА да го реши проблемот со загадувањето.

Друг е проблемот.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4950
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #153 на: 07 Февруари 2013, 20:38:02 pm »
Многу ми е јасно како работи и што прави дизел, а со нашиве горива посебно и нашиве кршеви по улици немора да ми објаснуваш на мене што и колку загадува. Многу ми е јасно тоа го студирам и 500 пати ми е проучено. Се повлекувам од понатамошни дискусии. поздрав

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #154 на: 07 Февруари 2013, 20:45:11 pm »
Ама бензинаш стар 20 години во добра состојба,пак не загадува колку што загадуваат твоите нови современи дизели Филип.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #155 на: 07 Февруари 2013, 20:52:32 pm »
Ама бензинаш стар 20 години во добра состојба,пак не загадува колку што загадуваат твоите нови современи дизели Филип.

потполно неточно

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #156 на: 07 Февруари 2013, 20:53:28 pm »
Секако,затоа германците плаќаат пенали за секој купен дизел,пошто не загадува,а и глупи се.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #157 на: 07 Февруари 2013, 21:25:56 pm »
Секако,затоа германците плаќаат пенали за секој купен дизел,пошто не загадува,а и глупи се.

напротив, германците плаќаат помалку давачки за дизел отколку за бензин

http://www.stern.de/wirtschaft/geld/533871.html?nv=cp_L1_aa
http://www.toytowngermany.com/lofi/index.php/t36695.html

дизелашите плаќаат пенали ако возат дизел без современи филтри што е според мене наполно оправдано ради чадот. такви „стари“ дизели има се помалку и помалку (во германија) и идејата е скроз да ги снема

http://www.pkw-steuer.de/kfz-steuer_diesel.html

ако добро разбирам што пишува тука

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #158 на: 07 Февруари 2013, 21:28:05 pm »
Интересно,тогаш мојот роднина што живее во Германија нема врска што збори,ние од Македонија знаеме.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54933
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #159 на: 07 Февруари 2013, 21:29:02 pm »
ААХХХАХАХАХАХАХХАХХАХ!!!!!!!



http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=105940



Леле луѓе стомаков почна да ме боли!!! Е воолку не сум се смеел одааааамна!!!!!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #160 на: 07 Февруари 2013, 22:25:46 pm »
Хахахаххахаха, леле абе дали е ова вистина? ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #161 на: 08 Февруари 2013, 00:05:40 am »
Да бе, ги слушав прееска на вести додека јадев, ќе исплукав се. ;D

Вика: Десетици коли прават гужва низ градов и го загадуваат...
Побарајте видео вест, доста е смешно.

Кој ли ги потплати да се бламираат..

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54933
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #162 на: 08 Февруари 2013, 00:07:18 am »
Joнче Христовски сигурно,


















уствари он умре, значи некој друг ги потплатил.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3038
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #163 на: 08 Февруари 2013, 00:07:55 am »
Значи пак Бранко е крив.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #164 на: 08 Февруари 2013, 00:23:33 am »
Треба зонски да се забрани влез на дизел возила во центар. Стипсите штедејќи ќе не угушат.

5 литра дизел загадуваат помалку од 10 литра бензин, научно докажано.
Скопје има проблем со Pm10 честици кој кај дизелот ги има и те како :). А за коли со вадени ДПФ филтри и такви работи ич муабет да не праиме

Современите дизел автомобили се најмал проблем што се однесува до загадувањето со микрочестички. Еве и зошто:

1. дизел моторите, за разлика од бензинците, го регулираат гасот со количината на вбризганото гориво, додека вкупното количество усмукан воздух зависи само од вртежите, но не и од притисокот на педалата за гас. Дизел мотор при мали оптоварувања целосно го согорува горивото и емитира многу малку микрочестички. Дизел чади црно само кога е оптоварен и тоа здраво, т.е. кога односот воздух/гориво натежнува во правец на горивото. Доколку дизелот се вози плански и умерено (како што и треба да се вози низ град) многу ретко испушта црно од ауспух.

2. современите дизел мотори имаат катализатори и дпф. Само дпф филтерот филтрира речиси 80% од микроскопските тврди честички, дури и под полн гас (кој низ град колите ретко го добиваат)

3. не знам дали си приметил, но на повеќето дизели крајот на ауспухот е свртен надоле. Заради тоа, еден дел од микрочестичките (од она малку што прошло низ катализаторот и дпф) се лепи за асфалтот и не учествува во брљавењето на воздухот.

4. Иако едно литро дизелот несомнено повеќе загадува од едно литро бензин, потрошувачката на дизелите е доволно помала да компензира за тоа.

Што се однесува до евидентното загадување со микрочестички,тоа подекнува главно од:

- прашина и прљавштина. Се доека можат калливи коли од нива директно да искачаат на пат/улица, при тоа оставајќи каллива трага со километри без да бида казнети, ќе има загадување со микрочестички. Прашина има СЕКАДЕ. Никој не е казнет за прљање.

- непостоење на екотест при регистрација-технички преглед. Кај нас може неказнето дефектен мотор да прави облак од чад. За такво нешто на запад се иде у затвор, а колата ни у лудило нема да може да се регистрира и вози легално. На технички преглед ти брцаат црево у ауспух и ако чадиш - кур регистрација. Со камионче ќе си ја носиш колата на првиот сервис да си ја средиш.

- стари автобуси, камиончиња, доставни возила и слични извори на бронхитис и рак. Едно натоварено тамче додека да се прошета низ центар ќе усмрди повеќе од стотина модерни дизелчиња кои зујат на 1500-2000 рпм и трошат ко упаљач. За старите канти наречени приватни автобуси и да не збориме (овие новите украинци и кинези имаат дпф)

- индустриски капацитети. во центар имаме топлана на мазут, ало

- (често потценуван извор на микрочестички) греење на дрва. Дрво кое гори ослободува вагон канцерогени микрочестички.

- стари канти од коли кои, благодарение на брилијантната далекувидост на владата, наместо на отпад завршија на нашите улици. Продувани конзерви со дубиозна компресија кои за воопшто да идат треба да бидат стискани на 3000+ вртежи = црно од ауспух.

- неодговорните морони кои вадат катализатори и дпф. За ова треба да попијат мрсни казни, а не да им се гледа низ прсти.

Проблемот со загадувањето со микрочестички во Скопје така е повеќе резултат на политиката отколку на модерните еуро 3, 4 и 5 дизели.

Како доказ би го издвоил Сингапур. И покрај големата популарност на дизел колите, Сингапур е еден од најчистите градови на светот што се однесува до загадување со микрочестички. Нема стари канти, нема греење на дрва, нема носење кал на асфалт. И тоа е тоа. Нема микрочестички.

филипов... извини вака брат...а амсе изнатресе зелени тука... невидено количество на зелени...

прво и основно... не го заборавај фактот дека кај нас дизелот не е оној кој се декларира дека треба да биде и некои мерења што си ги читнал некаде не се точни поради содржината на наишт дизел..

второ.. она што го пишуваш за контрола на вбризгување гориво-нафта во однос на воздух и гасови... збориш за современи дизели? па и современите бензинци го имаат тоа... пардон, има многу и постари бензинци што тоа го користат како технологија, мноооооогу пред да почне истото во дизел технологија да се применува...

што се однесува до катализаторот и филтрите... одаааааааааааааааамна пред дизелите да почнат да ги користат, беа применети во бензинците... ама мноооогу пред нив...

прашина? рече прашина имало во воздухот? братче... кога ке вдишеш длабоко, осеќаш дека не дишеш прашина туку чад-смог а не прашина... тоа не дека нема улога, ама дека е тоа загадувањето, е па баш и не е, така да муабетот за прашина, кал на гумите по 2 килоетри на асвалт и прљави возила не ти држи... иди во ново лисиче навечер после 22ч во правецот пред мирко... 1 кола на 1 минута проаѓа... од каде прашина? а бандерата со уличното осветлување ја гледам со матење во видот.. исто како да е магла ама не е.. сива е, не е бела...

ауспухот надоле завртен помагал да се соберат честиците... хахаха... не го коментирам ова, јасно е ко ден...

лугето возеле стари канти (возила, автобси, пикапчиња, транспортни камиончиња) и се о ред? да точно е тоа, но во сиромашна држава како нашава, добро е што имаат што да возат... еве јас имам неколку дизел возила и ниедно не ми е еколошко.. немам бре доволно средства да купам неколку нови возила со еуро стандарди.. едноставно немам... и ако ми забранат да возам со нив, ке ја затворам фирмата и уште 5-6 семејства ке останат без извор на средства за живот... па ти види сега со што си играш во муабетот... а такви како мене во државава ги има многу...

се согласувам со тебе за политиката на увозот на тие канти... се согласувам со тебе за индустриските капацитети и за топланата на мазут... и не е една, 3 се...

и едон е во право.. имам и јас роднини во имачка и баш истово го кажуваат... не за филтри туку за дизели воопшто...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време