Прво, се уште гумите што ги користат тимовите се од 2019 година, а ги користат во 2020.
Денес на тренинг ќе бидат тестирани нови гуми за новите болиди кои се значително се побрзи од болидите од 2019 за околу 1 секунда по круг.
За споредба квалификации со гуми со иста спецификација, а различни сезони:
2019: Valtteri Bottas 1:25.093
2020: Lewis Hamilton 1:24.303
Она што се случи во неделата на минатата трка испадна дека проблем бил минималниот притисок во гумите кој тимовите најчесто го користат. Пирели излегува секој четврок и му наложува на тимовите со кој минимален притисок мора да ги користат тимовите. Гумите што имаат помал притисок многу полесно се деформираат, имаа подобар контакт, но исто така и побрзо креваат работна температура. Силверстон е позната по тоа што лесно се трошат гумите на неа кои исто така можат многу лесно и да се прегреваат. Најчесто страда предната лева гума поради брзите и долгите десни кривини на самата патека.
Затоа овој викенд овој минимален притисок ќе биде зголемен и постојано се проверува низ целиот викенд.
Пирели излегува и со препорака која гума колку кругови може да издржи, дали некој од тимовите нема да ја послушаат оваа препорака тоа останува на нив, но не е исто и со минималниот притисок за кој сите треба да бидат според она што ќе му го соопштат од Пирели.
На минатата трка Пирели вели дека тврдите гуми можат да издржат 40 круга, а еве колку кругови биле извозени со намален притисок на 2020 болиди, а не 2019:

Се на се толку е... ако не е Пирели, тогаш не знам кој е...
