Во целото тоа брдо опрема (електрика на све што ќе ти текне, панорамски сончев кров што веројатно кошта колку C3 Aircross и многу други работи), Рејнџов нема греачи на седишта и предна камера... Можеби заборавиле да селектираат тие што ја правеле спецификацијата.
Тие мои замерки на страна, колава е здание. Впечатлива, складна, убава дури, елегантна, удобна... Филм. Кога се возев внатре се осеќав баш како и што мислев дека ќе се осеќам кога прв пат го видов Велар на слики.
Како со мал пенис?
Или сепак тие што купуваат вакви скупи убави џипови имало и зошто ги купувале, а не само ради малиот пенис.
Банза, да се разбереме, возилово е подвижна гарсоњера, а и зафаќа простор колку гарсоњера. Тоа што Јоцо живее у зграда од '63 и паркира кај ќе стигне на улица со џипот затоа што не сака/нема гаража е балканштина.
Енглеска аристокрарија не се паркира по тротоари пред зграда и пред туѓи дворови, а и кога купува нов стан ме вика дека 5.000,00 еур за паркинг место е многу, ама 100к за џип си е ОК.
Немам ништо против сопствениците на вакви возила, напротив, се восхитувам на секој Рејнџ, ама кога ќе ги видам паркирани у двор пред куќа.
Како што ти убаво рече, ова е наменето за доооолги патувања, било каде, имало или немало пат. Не е градско возило и стварно не гледам причина да поседуваш вакво нешто за кое си дал преку 100.000,00 еур, а да немаш барем втора кола за низ градов наш за секојдневно користење. Тоа што сакаат секаде да бидат видени со џипот е друга работа.
Ме разбираш што сакам да кажам, не е во џипот проблем, тој си е совршен, до нашиве сопственици е. И во Рим имаат малце поголем стандард од нашиот па нешто не сретнав многу сувови низ град, изгледа они не одат на одмори...