Денеска бев во KIA, решен да видам понуда за Спортаж 1.6 CRDI. Меѓутоа, таму продавачот толку ми изназборе за бензинецот што ме замисли малку. Као наводно истиот мотор (1.6 GDI) трошел многу малку, што разликата помеѓу дизел и бензин била 0,7 до 1 литар. Наводно бил ремапиран истиот мотор од предходно. Е сеа, ако е навистина така, тогаш на сметка на поубавото повлекување кај дизелот, малата разлика во потрошувачка и цена на горивата, а и поевтиното одржување и помалата стартна цена, бензинецот е поисплатлив?
Да напоменам дека поминувам 15000 км. годишно. А и искрено, го пробав Тусонот 1,6 T-GDI 177 к.с со турбо мотор и не ми остави некој впечаток. Мора добро да згазиш за да повлече како што треба. А и при тргање како да има дупка (сецнува). Ваше мислење?