Здраво живо, листав низ темиве и не најдов ништо слично. Разгледвам џип до 10 000 евра на старо од 2008 година нагоре.
Не сум возел до сега ни еден од овие што ги набројава, некако Хондата вака ми изгледа попривлечна или Toyota.. секое искуство е добредојдено. Ме интересира ако сте ги имале дали сте задоволни, како е одржување и слично.
Моментално возам Corolla 1.4 dizel 2014 година, па се мислам да ја продадам околу 11 000 и би купил џип за истите пари ако ми фати око нешто.
Убава ти е идејата, ама малку ти се пре оптимистички проценките.
Тојотата што ја поседуваш мноогу тешко дека ќе успееш да ја продадеш за 11.000 евра. Освен ако не е со највисокото ниво на опрема и има поминато максимум 20.000 километри.
Но не навлагам во во детали, сигурно имаш направено проценка на пазарот и имаш споредено што се нуди за да очекуваш таква цена.
Од понудените СУВ возила, јас ти препорачувам да го земеш Хонда ЦРВ. Има одлична изработка, фантастични мотори 2.0 ВТЕК бензин и 2.2 дизел (дизелот е линиски 5 цилиндри и многу добрар мотор).
Опел Антара и Шевролет Каптива не ги земај во предив воопшто. Ефтина изработка, многу тромави, моторите им се димензионирани многу слабо за тежината за возилото. Избегни ги.
Тојота Рав-4 е убаво СУВ-че ама многу сиромашен избор на мотори има. Како што кажа Луки 2.2 дизелот е мачка во вреќа, може да се погоди добар, може да се погоди ужас и да имаш нон стоп проблеми со дизни и електроника. Ако се одлучиш за РАВ 4 провери го прово во сервис на дијагностика, мали се шансите да се зафркнеш ама, сепак постојат.
Незнам дали знаеш кои се негативностите на СУВ, а кои се добрите страни. Пролистај го форумов има теми каде што оваа споредба е апсолвирана и дискутирана.