Ми се деси прв дефект, ми испушти климата..Се возев прошлиот викенд и се паркирам и слушам нешто ми шушти напред. Прво помислив дека некоја гума испушта воздух, па ги душкав една по една
После отварам хауба и слушам од некаде испушта некој воздух. Од почеток мислев дека некое црево од системот за ладење, ама укапирав по два дена кога пуштив клима дека нешто не валја од тој систем.
Знае некој што е најчест проблем со климиве и што може да биде, црево/вентил или компресор? Ќе идам кај и да е на сервис па ќе им кажам да зирнат што се десило. Колку што приметив, компресорот си врти и си работи кога ја уклучувам, но не лади.
Исто да напишам дека сум малце разочаран од Континенталот што ги монтирав од Мото-центар. Пишувам малце пошто имам преку 20 илјади пројдено со нив и не очекувам да се понашаат ко нови, али последно време значително станаа побучни.
Споредбава ми е со прошлите Мишелин Енерѓи кои после скоро 50 илјади пројдени почнаа да вадат некој минимален звук кој е значително потивок од овие сегашниве..
До следно пишување...