Oд тие бесплатните што постоеа од времето, само Авира ја имам користено. Добра беше тогаш, сега слушам се жалат луѓе дека подоста ресурси јаде и замара со реклами за платената верзија. Аваст никад немам користено, ама нели имаше некои поплаки за нарушување на приватноста? Од друга страна такви работи често си подметнуваат меѓу себе компаниите, голема конкуренција е јбг...
Денес има поголем избор, јас на другите РС-ија го имам бесплатниот Битдефендер. Освен што има „спартански“ интерфејс, и што јаде солидна количина РАМ, други поплаки немам. Не замара со реклами за платената верзија. Лесен е на CPU ресурси а го користи истиот AV енџин како кај сите други (платени) Битфедендер верзии, кои редовно се први или во топ3 во тестовите за детекција.
Пред некој месец слушнав дека и Касперски извадил бесплатна верзија, тогаш беше само на Руски јазик, досега може имаат изведено и со интерфејс на Англиски јазик.