Првин ценава што ја предложувате (4,500 евра) ми се виде ниска, но кога отворив на огласи, сериозно толку оделе.
Не е мое да се мешам, ама бидејќи за колава си има тема на форумот каде е пишано дека е земена во 2014-та 6,500 заедно со плински уред, во 2019-та не може да се продаде за 7,000 евра.
Види поубаво на огласите, има што идат до 7.000е со послаб мотор и помалку опрема!
Тебе не треба да те интересира јас колку сум ја земал, а има и зошто била таа цена договорена.
Па да почнам вака, првин треба да се научиш да прифаќаш критика ако критиката е на место, а не да реагираш на критика со нападен одговор.
Зошто не треба да ме интересира колку си ја земал кога ти си пишал, не ја измислив јас информацијата, така?
Зошто била таа цена договорена?
Бидејќи прочитав кога си барал кола, со уред си мерел дебелина на лим, и си се изнервирал кога си воочил дека колата е китирана и фарбана а сопственикот не ти кажал, така?
Бидејќи си сакал да биде претходниот сопственик фер кон тебе, зошто не пишеш во огласот дека колата имала мала незгода и била поправена со малку кит и фарбање на крилото, па да бидеш и ти фер кон останатите кои се заинтересирани за возилото?
Форум сме, со самото тоа што ја огласуваш колата, треба да очекуваш дека ќе има коментари, секој има право да провери што си пишал во темата бидејќи е јавна, и соодветно да искоментира по сопствена желба.