Гледајќи и лутајќи заклучокот е дека ми се потврди мислењето за сликата дека у главном се продава ѓубре. Базирано на ова можно е да носам нешто од надвор па ме интересира:
1. Некој познат шпедитер што може да си ја збрка цела процедура околу увоз? Можна е таква варијанта?
2. Што би значело ако купам кола оставена старо за ново од салон да се товари на камион тамо? Дали е можно јас од тука да ја платам и да си биде фактурата на мое име или како веќе би одело тоа заради увозот нели?
3. Камионски транспорт цени нешто кај да дознаам за од: Италија, Словенија, Германија?
Не исклучувам варијанта да си платам некој да ми ги збрка работиве. Така да ако знаете некој или можете вие слободно кажете.
Имам братучед од К.Паланка што се занимава со овие работи. Двете коли ги земав преку него. Јас само отидов да одберам што ми се свиѓа, и после недела дена отидов да си ја земам колата од Паланка.
Има контакти со плацеви во Ќустендил и Дупница. Не иде секаде, ги знае подобрите.
Има контакт и со некои Италијани. Ако сакаш можам да потпрашам, или да ти дадам бројче..

Sent from my Redmi Note 7