Офсетот кажува колку ќе биде тркалото повнатре или понадвор во крилото (или поблиску и подалеку од шасијата). Помал офсет значи тркалото ќе биде понадвор. Но, офсетот е тесно врзан и со ширината на бандашот. На пример, бандаш 7,5 цола и офсет 50 ќе биде речиси исто блиску до крилото како и бандаш 7 цола со офсет 45.... Офсетот е изразен во милиметри.