Заврши викендот за дружба со Mitsubishi ASX. Поминавме 689 км со просечна потрошувачка од 7.4 л/км.
Одлично беше возилото добар впечаток ни остави. Типично митсубиши убаво, лесно за возење, како останатите возила во гамата. Мислев дека моторот ќе е слаб за оваа шасија, ама испадна сосема доволно јак. Новиот 1.6 е многу добар, подобар е од 1.5 та и како што ми кажаа момците од Авто+ по директен

Голем плус за USB и за Star&Go системот, одлично работат и едното и другото. Морам да кажам дека количето е круто и тврдо, во споредба со лансер, првен мислев ОК до гумите е, ама после видов дека се тркала на Michelin Latitude и викам..................ааааааа круто е. Одлично држи во кривини и после подолго возење можи да му се верува со поголеми брзини во свиоци. Чудна работа (барем за мене ) седиштата се некако не комфорни, не можев никако да си најдам добра позиција и 3 дена грбот ме искина од болење. Можеби сум навикнат на лимузина тип, а не на кросовер, не се знае. Потрошувачката ме изненади на пат од скопје - маврово - охрид просечната му беше 6.3 а воопшто не го штедев ниту пазев на потрошувачка. Се на се одлично количе, за кој сака таков тип на возило ама јас сепак би го одбрал Лансерот

: )
