Викендов ги монтирав новите фарови, доста добар квалитет на самите фарови но не беше баш најлесно да се наштелуваат да лежат добро во однос на браникот, крилата и хаубата па колку можев и знаев ги наместив да изгледаат пристојно.
Прво морав да го извадам браникот, кој се држи само на 6 шрафа
imghostprivate image uploadФаровите дојдоа со обични халогенски сијалици па затоа ставив нови кратки лед 9005 6000к сијалици, долгите лед h7 не пасуваа па ке морам да најдам нови пократки по должина.
Презадоволен од тоа како изгледаат фаровите, огромна разлика од обичните фарови.
Лед светлата работат супер во комбинација со лупата.
Фаровите имаат вградено дневни светла кои работат и ден и ноќ (лед лентата по должина на фаровите) која исто така работи и како жмигавец.
Буквата C светли само кога фаровите се вклучени или кога се вклучени паркинг светлата, па можеби би ги направил и тие заедно да светлат со дневните светла на фаровите и фабричките дневни светла на браникот.