И јас со сопругата, нешто слично правиме скоро секоја година, ама со мотор... Имам 3 торбици за на мотор, сосема доволно за потрепштините, плус ранец моторџиски, отпорен на притисок воздушен... Годинава требаше да идеме до алпите, 18 дена тура, ама... Ама плановите не секогаш кореспондираат со актуелната состојба, па така, нај веројатно од планински венци, ќе бидат нашите масифи, а по прашање автопат и плажи, ќе се задоволиме со краците сите, крајна точка Кавала па назад... Пд друга страна пак, тие краци веќе 5-6 пати ги извозувавме, па во сериозни размислувања за јадра цел, почнувајки од СЦГ па до горе скроз... Видеќемо, во секој случај, шибајте, млади сте, уживајте. Кога ќе дојде семејство да се зголеми, ќе немаш вакво уживање... Ќе немаш време а ни ресурси (читај пари) за вакви екскурзии да ги правиш почесто...