Автор Тема: 10 дена возење низ Грција (видео)  (Прочитано 3705 пати)

Отсутен bookac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
10 дена возење низ Грција (видео)
« на: 28 Јуни 2019, 10:12:38 am »
Добро утро на сите!  ;D

Еве видевце со мало закаснување, како си поминавме возејки 10 дена со изминати 3200 километри низ Грција за новогодишните празници :)

План ни беше да извозиме до Измир, Турција. Но на граница пасошот на Лина беше пред истекување и не не пуштија да влеземе. Откако не одбија, решивме да возиме низ Грција, со цел што појужно можеме. Извозевме до Атина, Каламата на Пелопонез, Метеори, Катерини и го фативме снегот по плажите.

Да не должам многу, останатото може да се види во видеото :)

ПС: Следна тура ни е деновиве накај Словенија по Јадранска Магистрала.

Поздрав и убав ден!




« Последно менување: 28 Јуни 2019, 11:12:02 am bookac »

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8657
  • Пичлеме
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #1 на: 28 Јуни 2019, 10:42:51 am »
Кул!!!

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #2 на: 28 Јуни 2019, 10:50:43 am »
Екстра, браво!

И ние сме во план да правиме слична тура како оваа што треба да ја извозите (ама во август)... па, споделувај импресии другар :) , го чекам видеото.
Убав помин.

Отсутен bookac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #3 на: 28 Јуни 2019, 11:04:21 am »
Екстра, браво!

И ние сме во план да правиме слична тура како оваа што треба да ја извозите (ама во август)... па, споделувај импресии другар :) , го чекам видеото.
Убав помин.

Фала многу, инаку ќе споделиме видео и од магистралата обавезно, идеме во непознато, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Битно имаме 20 дена да стигнеме до Словенија и да се вратиме назад во Македонија :)

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #4 на: 28 Јуни 2019, 11:14:41 am »
Екстра, браво!

И ние сме во план да правиме слична тура како оваа што треба да ја извозите (ама во август)... па, споделувај импресии другар :) , го чекам видеото.
Убав помин.

Фала многу, инаку ќе споделиме видео и од магистралата обавезно, идеме во непознато, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Битно имаме 20 дена да стигнеме до Словенија и да се вратиме назад во Македонија :)

Лани летото со девојката бевме до Макарска, магистралата беше тип топ, немаше ни една патарина (држи се до стариот пат што е покрај морето, ако одиш по автопатот има неколку патарини), на граница поминавме ептен брзо, никој не не измалтретира освен на Босанска граница што ни ја земаа ракијата :D (мито братче, за да поминеме побрзо) , во секој случај, има и што да се види и што да се слика/снима, верувам дека ке поминете ЕКСТРА!

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6390
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #5 на: 28 Јуни 2019, 13:10:49 pm »
Ѕверој, браво!

Само можевте барем една вечер да преспиете негде, ефтино е на зима смстувањето, да се искапите ако не за друго.   ::)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #6 на: 28 Јуни 2019, 14:20:41 pm »
Bravo... I pak BRAVO....
Mnogu e dobro koga imas srodna dusa avanturistka sto saka vakvi predizvici. Da e nekoja druga 10 dena nebanjata i da treba da spie u kola kje te ostavese uste na trgnuvanje :)
Kolku gorivo,patarini vi otidoa za prosetkava udrivte li esap ?

Отсутен bookac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #7 на: 28 Јуни 2019, 14:51:27 pm »
Ѕверој, браво!

Само можевте барем една вечер да преспиете негде, ефтино е на зима смстувањето, да се искапите ако не за друго.   ::)

Во право си, нас целта ни беше да ги користиме тушевите на одморалиштата покрај автопат, бидејќи летото видовме дека има и функционираат. Само што зимскиов период беа под клуч. Али сега за следнава тура земавме туш со пумпа што работи на 12 волти, плус ќе има тушеви по плажите :)

Bravo... I pak BRAVO....
Mnogu e dobro koga imas srodna dusa avanturistka sto saka vakvi predizvici. Da e nekoja druga 10 dena nebanjata i da treba da spie u kola kje te ostavese uste na trgnuvanje :)
Kolku gorivo,patarini vi otidoa za prosetkava udrivte li esap ?

Во право си за оставањето пред тргнување :D

Инаку вкупно одприлика грубо, мислам дека не фати се на се по 300 евра од човек. Малце се луксузиравме со храната и купување играчки и глупости :) Највеќе ни отидоа на патарини и плин, пошто беше прилично поскапо во Грција. Али се на се, мислам дека е солидна цифра во однос на тоа колку прошетавме и дека си бевме во сопствена режија :)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #8 на: 28 Јуни 2019, 15:19:22 pm »
Bravo Decki. Videoto, turata, muziceto i montazata... Keep on!

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #9 на: 28 Јуни 2019, 15:39:39 pm »
Одлично! Со што е снимано?


Отсутен bookac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #10 на: 28 Јуни 2019, 15:45:02 pm »
Одлично! Со што е снимано?

Фала ти, снимано е со GoPro 3 (Black).

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #11 на: 28 Јуни 2019, 15:54:46 pm »
Прекрасннно видео :)
Браво @bookac  :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #12 на: 28 Јуни 2019, 17:29:24 pm »
Дечки, браво! Одлично сте си прошле, одлично видео! Со мерак го изгледав од почеток до крај, дури и си пеев на некои од песните. :D

Отсутен bookac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #13 на: 28 Јуни 2019, 20:04:15 pm »
@zeroSignal фала ти многу :D мило ми е што си успеал да го изгледаш до крај, пошто стварно е малце подолго од што треба да биде :D

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: 10 дена возење низ Грција (видео)
« Одговори #14 на: 28 Јуни 2019, 20:05:39 pm »
@bookac
Не се осеќа дека е долго видеото.