Автор Тема: Сменето моторно масло, ама не го покажува ниво на прачката за масло  (Прочитано 4529 пати)

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Дечки средив работа со маслото. Му дотурував по малце на моторот со повремено проверување и испадна се како што треба. Во прилог ви испраќам линк од тоа што го фотографирав (бидејќи фотографијава е преголема за да ја прикачам на датотекава на постов, а искрено ме мрзи да ја смалувам големината за да постирам тука): https://prnt.sc/o1tmfw

Благодарам на сите вас што ми укажувавте, упатувавте забелешки, советувавте, поткарувавте, па дури и тролавте ;D. Не дека сум пристрасен, но посебна благодарност за сериозниот пристап и до членовите: M3V8, riki_staff, Dule_, DimitarMK, Pane-G и др. Сума сумарум - не сакам да ве двојам и ви благодарам на сите вас. Навистина го ценам тоа што постои овој форум и посебно на сите вас кои несебично се понудивте да помогнете, па дури и да се нашалите секој на свој начин. Се надевам и јас ќе можам некогаш да помогнам на било кој од вас со моето скромно знаење со кое располагам за автомобиливе. Верувам дека повеќето од вас имаат далеку поголемо искуство и знаење за автомобилизмов од мене, па се надевам нема да ми замерите ако во иднина повторно отворам некоја тема или пак не некоја постоечка тема побарам мислење за било што.

Поздрав и секое добро на секој од вас!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6414
Првиот пат кога менуваш сам уље нормално е да испаничиш после тоа ти станува пракса и рутина.