Автор Тема: Daewoo Nubira 1.6 16v  (Прочитано 3049 пати)

Отсутен TheErminK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Daewoo Nubira 1.6 16v
« на: 27 Мај 2019, 15:59:34 pm »
Здраво дечки.

Колава ја купив од другар, први газди се и домаќински е очувана навистина предобра кола за таа цена
Кога ја купив немаше плин па јас и вградив Ловато дизна плинче и сега си тера, потрошњата е океј и супер работи на плин не е изгубена некоја голема количина на сила на мотор барем според мое лично искуство од возење.
Има клима која работи одлично што не е баш својствено за кола од 1997 година но како што кажав колата е од прв газда купена со 133 000 поминати сега има 136 000 еве веќе 6 месеци ја возам без никаков проблем.
Направив сервис, сменив диктунг на глава на мотор и другото е се во ред. Имам проблем со бојата паднат е целиот лак посебно на кровот (ќе ставам повеќе слики) и генерално бојата е ужас и ја прави целата кола да изгледа како крш (а не е) и тоа ми е криво. Се мислев да ставам фолии но после распрашување испадна дека отприлика исто колку фарбање ќе биде. Мислам дека сепак фарбање е подобра опција. Ќе видиме...

Не знам што друго да додадам така да прашувајте слободно, ќе направам плус фотки некој ден да ставам.

Поздрав!






« Последно менување: 27 Мај 2019, 16:05:47 pm TheErminK »
Mazda 3 1.6 HDI 2008
Daewoo Nubira 1.6 16v 1998
Audi A3 1.9 TDI 2002

Отсутен TheErminK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #1 на: 27 Мај 2019, 16:07:03 pm »







« Последно менување: 27 Мај 2019, 16:40:14 pm zeroSignal »
Mazda 3 1.6 HDI 2008
Daewoo Nubira 1.6 16v 1998
Audi A3 1.9 TDI 2002

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #2 на: 27 Мај 2019, 17:09:51 pm »
Odlicno kolice za dzabe pari. Jas go imav ponoviot model onoj kako zaba od napred so faroite i osven potrosnja od 13-14l plin gradska voznja druga zamerka nemav. Komotna kola delovi dosta pasuvaat od vectra a i vectra b taka da samo stavaj plin i vozi. Farbanje sigurno ti baraat kolku sto si ja kupil i kolata 600-700 eura ama ako mislis da ja cuvas farbaj kaj nekoj asalen i miren da bides naredni 10 godini ako ne opni ja cela so folija za 300 eura i vozi.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #3 на: 27 Мај 2019, 20:16:46 pm »
Ako se realni km togas mnogu malku e vozena pa dosta e zacuvana. Osven nadvoresno, stasana e za farbanje. Samo jas ne bi staval folija, osven poliranje i vozi si ja taka.. ako ga cuvas, togaj komplet farbanje.
Bitno mehanicki da e zdrava, i vozi ja.
TI treba uste 100 iljadi km da izvrtis za da zalici na kola od 97ma 😁

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #4 на: 27 Мај 2019, 20:50:04 pm »
Со здравје да си ја возиш. На мене вака ми има многу шмек, особено пак ако внатрешноста е зачувана.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #5 на: 27 Мај 2019, 22:47:59 pm »
Колава е екстра

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #6 на: 27 Мај 2019, 23:40:48 pm »
Друже со здравје да си го возиш Масератито!
Супер избор!

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #7 на: 27 Мај 2019, 23:59:24 pm »
Редовен сервис, среди ја надворешно малку и гас! Со здравје да се вози.

Отсутен TheErminK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #8 на: 28 Мај 2019, 09:01:58 am »
Odlicno kolice za dzabe pari. Jas go imav ponoviot model onoj kako zaba od napred so faroite i osven potrosnja od 13-14l plin gradska voznja druga zamerka nemav. Komotna kola delovi dosta pasuvaat od vectra a i vectra b taka da samo stavaj plin i vozi. Farbanje sigurno ti baraat kolku sto si ja kupil i kolata 600-700 eura ama ako mislis da ja cuvas farbaj kaj nekoj asalen i miren da bides naredni 10 godini ako ne opni ja cela so folija za 300 eura i vozi.

Да ти кажам и мене ми е тоа замерка што плинот го јаде ко луда ама се исплати за вожњата која е доста комотна. Ќе видиме со фарбањево ептен би ја освежило зашо само таа замерка и е, а не планирам да ја продавам не дека ми е гајле чисто за мене и колата ја почитувам доволно да си заслужила едно фарбање.

Со здравје да си ја возиш. На мене вака ми има многу шмек, особено пак ако внатрешноста е зачувана.

Фала ти! Ептен е сочувана внатре ќе направам некоја нормална слика да ставам од внатрешноста. Од другарчево што ја купив тие беа први газди прв пат регистрирана 2003 и воопшто не е многу возена низ град и на некој фамилијарен одмор. Се знаеме и се гледа и по колата посебно внатре.

Друже со здравје да си го возиш Масератито!
Супер избор!(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk



ахахахаххаахха фала ти ептен ме изнасмеа со сликава, ќе ја зачувам во тел. Фала!

Редовен сервис, среди ја надворешно малку и гас! Со здравје да се вози.

Фала многу! Да да морам само ребраст да сменам другото е сменето. Бев и во сервисот за Daewoo во Визбегово ја гледаа дечките ми рекоа нема потреба ништо да менувам (Чудо за мене)  предница, задница све е мирно.
Mazda 3 1.6 HDI 2008
Daewoo Nubira 1.6 16v 1998
Audi A3 1.9 TDI 2002

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Daewoo Nubira 1.6 16v
« Одговори #9 на: 28 Мај 2019, 09:26:25 am »
Со убаво да си ја возиш и да те служи.

Гледам дека си ставил тазе плин. Обавезно барем на две недели повози ја некој километар на бензин, да не го забораваш :)

Јас ја имам следната генерација на Нубира, само хечбег. Слободно пиши за совети/делови/сервиси и сл.