Автор Тема: Проблем со електрична перка Bmw E39  (Прочитано 1698 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Проблем со електрична перка Bmw E39
« на: 26 Април 2019, 17:25:03 pm »
Више пишав во друга тема али подобро да отворам нова..
Иначе да почнам со ред.. На почеток си беше се нормално со перката.. Пушташ клима се пушта и таа, гасиш клима се гаси.. Кога ќе загрее во место си се приклучуваше нормално..

После некое време перката скоро и да одкажа али зима идеше ова она па не се замарав баш.. Сега пробував више 1 месец не палеше перката.. Пред 2 дена си идам накај дома (колата не беше многу загреана, а и времето беше 10тина степени) и приметив чуден звук.. Кога гледам перката се приклучила... Пуштив клима, перката се гаси.. Гасам клима, перката се пушта..

Денеска ај реков да пуштам клима, кога гледам перката си врти... гасам, итаа се гаси.. Така неколку пати и све нормално беше.. Сега го палам, несака да се пушти никако.. Го пуштив да појди 99 степени, џабе...

Клима си има одлична, освен кога ќе го остаам во место 2/3 минути...

Има некој слично искуство или што би можело да биди ? Има 2 релеа, едното стои горе другото долу кај ладњакот.. И има некое во багашникот али треба да побарам кое е, али и да проверам џабе кога неможам да најдам дали е до него проблемот..
Многу чуден проблем, више бев кај еден мајстор ми вика да проверат притисок дали прави компресорот за климата... Али и тоа малку ми нема смисла..
« Последно менување: 26 Април 2019, 17:30:45 pm Бузуки »

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Проблем со електрична перка Bmw E39
« Одговори #1 на: 09 Мај 2019, 21:26:42 pm »
перката има 3 брзини, и напред обично има два резистори што цркнуваат. Секогаш кога уклучуваш клима обично се уклучува прва брзина и во зависност од темпереатура и другите.   Прво откачи го џекот од перката има 4 пинови  едниот е - другите 3 се плус за различните брзини и пробај види дал ке се уклучи во сите 3, обично третата ке приметиш најдебела жица е директната и на таа ако работи другите не резисторите се отидени можеш само нив да ги смениш.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Проблем со електрична перка Bmw E39
« Одговори #2 на: 10 Мај 2019, 01:24:55 am »
3 пинови се кај мене, 2 дебели и едно танко жичле.. Можам да му поврзам директно струја од акумулатор ?
Иначе пробав за тоа струјата онака со фазомер (за 12в) и имаше струја.. Колку и каква појма немам...

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Проблем со електрична перка Bmw E39
« Одговори #3 на: 10 Мај 2019, 02:32:28 am »
Во зависност од годината изгледа има различни, до 99та е со 4 кабли и резистори како што беше кај мене. После 99та се двата кабли и плус уште еден тенок што оди до управувачката единица изгледа моделот што ти го имаш. 
 

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Проблем со електрична перка Bmw E39
« Одговори #4 на: 14 Јуни 2019, 20:32:46 pm »
Некој дали има некоја идеја што можи да биди ?

Дали кога ќе пуштам клима треба и перката да се вклучи автоматски ?
Колку што приметувам све тоа има проблем додека тргни, одкако ќе тргни понатака си ги работи сите брзини...

Денес бев на мајстор, проверија притисок и фреон, све си било супер.. Ме пратија на електричар али нема некој експерт за тоа тука..

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Проблем со електрична перка Bmw E39
« Одговори #5 на: 14 Јуни 2019, 23:05:03 pm »
треба да се уклучи перка кога ќе уклучиш клима