На еден пријател, му фаќало нешто на вентилаторот за парно, му наплатил вадење шалтабла.
Кога повторно му се случи исто, му кажав (од искуство на мојот меган) да извади филтер за полен и да го вклучи вентилаторот на најјако да ги продува лисјата Решен проблем за 5 минути.
На еден другар кој отишол да смени уље, филтри, покрај тоа му рекол кратка спона за менување, сменил, отишол на центрирање, таму му рекле долгата била за менување. Се вратил, се расправале...се договориле да му ја врати кратката а да ја замени долгата ама немал на лагер, ќе ја порачувал....АПП
Итн, да не спомнувам за одисеите со твингото на поранешна моја газдарица, и други муабети што кружат.
Чудо е како сеуште работи.