Автор Тема: Golf Vl Karter  (Прочитано 2059 пати)

Отсутен Авијатичар

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Golf Vl Karter
« на: 09 Април 2019, 09:35:32 am »
Поздрав до сите нов сум и имам еден прблем. Имам голф 6   1.4 бензин 2009 година 80коња и картерот е скапан (р`ѓосан) . По интернет барам ама се шо најдов до сега е картер без дупка за сензор за ниво на уљето. Нов најдов со дупка ама 180 евра и тоа пак од плех шо е малку и зачудувачки а и јас прв пат гледам картер на кола од плех па и VW ама тоа е. Е сега дали некој може да ме упати или да ми помогне да најдам некаде настаро картер или нов ама алумински што ке одговара за голфот. Ја гледав по интернет има алумиски но за ТСИ мотор значи се исто модел на кола само разлика во коњажата па ме интересира дали ке одговара тој картер.
Во прилог еве слики од мојот картер.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3027
Одг: Golf Vl Karter
« Одговори #1 на: 09 Април 2019, 10:21:35 am »
Помини го со челична четка и исфарбај го и нема да ти биде р'ѓосан. Нема потреба да ставаш нов.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Авијатичар

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Golf Vl Karter
« Одговори #2 на: 09 Април 2019, 10:49:53 am »
Другар не е за со четка скапан е кај шо е заокружено кога претиснеш со прст пропага прстот и од таму пушта по малку уље дури ми е страв и штопната да ја одвртам да не оштете уште повеке. Затоа барам нов да беше со малку рѓа ке го средев ама овоа е веке ојдено мора ново. И пак ке се повторам како може најосетливио дел од колата што цело време е во додир со вода да го направат од плех.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3027
Одг: Golf Vl Karter
« Одговори #3 на: 09 Април 2019, 11:02:33 am »
Ти си прв газда? Не би требало вака да скапе освен ако бил нестручно поправан. Види во каросерија.мк или пак прошетај низ отпадите во Тетово.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3280
Одг: Golf Vl Karter
« Одговори #4 на: 09 Април 2019, 11:16:00 am »
"Плехот" сигурно е поцинкуван и со доволна дебелина за да служи како материјал за картер.

Тој картер што го имаш е од минатионт век (претпоставувам 1998) година, и затоа е толку масивен.

Не гледам причина зашто не би го ставил тој од "плех" како замена за овој.

Полесен е, поиздржив на коризија.

Ако ти е за некоја утеха, некои од новите премиум возила имаат картер од пластика.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2423
Одг: Golf Vl Karter
« Одговори #5 на: 09 Април 2019, 11:29:15 am »
Чудна работа (освен ако не е преправан, поправан) да корозира картер, инаку на Голф 7 од пластика ги прават, лесен е како пердув....распрашај се по отпади, би требало да најдеш
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Авијатичар

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Golf Vl Karter
« Одговори #6 на: 09 Април 2019, 11:58:07 am »
Ти си прв газда? Не би требало вака да скапе освен ако бил нестручно поправан. Види во каросерија.мк или пак прошетај низ отпадите во Тетово.
Sent from my MI 6 using Tapatalk......( не сум прв газда пред месец време ја купив колата од човек не од плац.)

"Плехот" сигурно е поцинкуван и со доволна дебелина за да служи како материјал за картер.(плехот е обичен ако е поцинкован нема шанса така да скапе)
Тој картер што го имаш е од минатионт век (претпоставувам 1998) година, и затоа е толку масивен.(за картерот неможам да гарантирам шо и како е. Во германија сум и има цела сервисна историја во последниот технички преглед пишува дека има корозија на уљеното корито.)

Не гледам причина зашто не би го ставил тој од "плех" како замена за овој.(и јас би го ставил тој од плех ако немам друг избор но барам алумики а алумински за мојот модел нема само за тси мотор)

Еве во прилог слики обичен без дупка 30евра со силикон комплет и оригинал со дупка за сензор 180 евра. 150 евра разлика само за дупката.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Golf Vl Karter
« Одговори #7 на: 09 Април 2019, 17:21:42 pm »
Друже, за добра дупка, понекогаш се плаќа и многу повеќе од 150 евра.