Пред извесно време земав Меган 3, 2014 година, па има некои работи кои ме "мачат".
Знам дека овде има доста љубители на Рено што би ги знаеле овие работи.
Прво, дали и како можам да го сменам јазикот на дашбордот? Да појаснам, моделот е со R-Line систем и таму си има избор на јазик, но тоа не го менува јазикот на дашбордот (трип компјутер или како и да се вика) до километражата. Моментално е на Француски и не дека нешто не разбирам, но ме страшно нервира. Сакам да биде на Англиски.
Друга работа, гледам по интернет, на R-Line системот активираат Android Auto. Дали некој успеал да го среди и како?
Последно, паркинг сензорите не титкаат, не знам дали е така фабрички (што ми нема логика) или има некој проблем. Да појаснам, кога ставам во рикверц има единечен сигнал и потоа е само прикажано на екранот. Проверив во сетинзите да не е намалена/исклучена јачината на звукот, си поиграв со слајдерот за звук, но го регулира само тој првичниот сигнал.
Исто, не дека е фатално, но доколку би требало да титкаат, што мислам дека треба, би сакал да го средам и тоа.
Ви благодарам унапред.