Здраво здраво, разгледував и барав по форумов за bmw 320 e90, гледам неколку членови ги поседуваат, но не најдов ништо подетално околу искуства со овој автомобил. Се извинувам ако темава е веќе отворена на друго место и не можам да ја најдам.
Како што гледам после промениве во однос на дизел во Германија, цениве ми делуваат доста паднати за ова возило, мислам дека може да се најде солидно bmw за 7000-8000 евра. Ме интересираат ваши искуства, што треба да се гледа кога се купува и дали вреди да се плати поскапо за редизајн верзијата, бидејќи внатре се речиси идентични.