Автор Тема: Megane 3 - неколку прашања  (Прочитано 2509 пати)

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Megane 3 - неколку прашања
« на: 09 Март 2019, 02:20:57 am »
Пред извесно време земав Меган 3, 2014 година, па има некои работи кои ме "мачат".

Знам дека овде има доста љубители на Рено што би ги знаеле овие работи.

Прво, дали и како можам да го сменам јазикот на дашбордот? Да појаснам, моделот е со R-Line систем и таму си има избор на јазик, но тоа не го менува јазикот на дашбордот (трип компјутер или како и да се вика) до километражата. Моментално е на Француски и не дека нешто не разбирам, но ме страшно нервира. Сакам да биде на Англиски.

Друга работа, гледам по интернет, на R-Line системот активираат Android Auto. Дали некој успеал да го среди и како?

Последно, паркинг сензорите не титкаат, не знам дали е така фабрички (што ми нема логика) или има некој проблем. Да појаснам, кога ставам во рикверц има единечен сигнал и потоа е само прикажано на екранот. Проверив во сетинзите да не е намалена/исклучена јачината на звукот, си поиграв со слајдерот за звук, но го регулира само тој првичниот сигнал.
Исто, не дека е фатално, но доколку би требало да титкаат, што мислам дека треба, би сакал да го средам и тоа.

Ви благодарам унапред.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Megane 3 - неколку прашања
« Одговори #1 на: 09 Март 2019, 08:28:27 am »
Jas mislam da si pojdes vo dog securiti da ti gi sredat site ovie raboti

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Megane 3 - неколку прашања
« Одговори #2 на: 11 Март 2019, 12:43:54 pm »
Прво, дали и како можам да го сменам јазикот на дашбордот? Да појаснам, моделот е со R-Line систем и таму си има избор на јазик, но тоа не го менува јазикот на дашбордот (трип компјутер или како и да се вика) до километражата. Моментално е на Француски и не дека нешто не разбирам, но ме страшно нервира. Сакам да биде на Англиски.

Од француски на англиски можиш во рено да одиш преку таа дијагностиката ќе го сменат, и можи ќе те обричат иљадарка.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Megane 3 - неколку прашања
« Одговори #3 на: 11 Март 2019, 13:30:17 pm »
@tupacan на паркирана кола со држење на тие  двете дугмиња горе долу на ракетата од бришачот можиш да влезиш во менито, од тука можи да мениш и јазик , да исклучиш бришач на рикверц, DRL светла и други ситници без потрошени иљадарки :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Одг: Megane 3 - неколку прашања
« Одговори #4 на: 12 Март 2019, 17:27:07 pm »
@tupacan на паркирана кола со држење на тие  двете дугмиња горе долу на ракетата од бришачот можиш да влезиш во менито, од тука можи да мениш и јазик , да исклучиш бришач на рикверц, DRL светла и други ситници без потрошени иљадарки :)


Ти благодарам на одговорот. Пробував така, не влага во мени, туку само покажува уште колку има до сервис. Сите сетинзи што ги спомна (освен јазик на дашбордот) ги има во RLink-от. Така да претпоставувам дека ова е случај само кај моделите без RLink. Но е глупо да мора преку OBD да смениш јазик на ова чудото. :D

Поправи ме ако грешам?