Прво се појавија вибрации на одредена брзина, удар немаше ама се осеќаше луфта при тргање, отпуштање гас и при рачна промена на брзина и на крај почна да се слуша метален клик кога се убацува во D/R или при тргање.
Прво што треба да се провери е карданот, најчесто страдаат крстачите, кај мене беа ок па ги проверивме гумата, лагерот и диференцијалот и таму беше луфтата, изгледа се изеле запците со тек на време, не прерипуваа ама имаше луфта и баш кај шо влага карданот во диф се гледаше дека цурело уље.