Автор Тема: искуства при купување bmw 320 e90 на старо  (Прочитано 5119 пати)

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
Здраво здраво, разгледував и барав по форумов за bmw 320 e90, гледам неколку членови ги поседуваат, но не најдов ништо подетално околу искуства со овој автомобил. Се извинувам ако темава е веќе отворена на друго место и не можам да ја најдам.

Како што гледам после промениве во однос на дизел во Германија, цениве ми делуваат доста паднати за ова возило, мислам дека може да се најде солидно bmw  за 7000-8000 евра. Ме интересираат ваши искуства, што треба да се гледа кога се купува и дали вреди да се плати поскапо за редизајн верзијата, бидејќи внатре се речиси идентични.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #1 на: 05 Март 2019, 15:55:46 pm »
Мое мислење е дека на секој модел подобро е да се земе редизајнот, затоа што се отклонети некои недостатоци што ги имала првата серија, некои работи се подобрени итн. Можеби грешам, ама тоа си е мое мислење.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #2 на: 05 Март 2019, 18:03:11 pm »
Кај Лагуна 2 на пример, ентериерот во фејслифтот е полош, повеќе крцка од таа пред фејслифт  :) Ама тоа французи и се е можно.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #3 на: 05 Март 2019, 18:04:36 pm »
Се отараси ти од неа 😁,тоа е од Штип по дупките шо била возена 😂

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #4 на: 05 Март 2019, 18:08:31 pm »
Баш напротив имам читано дека 320д редизајн поточно моторот N47 имал чести кварови и треба да се избегнува..

Другар има нередизајн више 5/6 години, го изнавози преку 80.000км без никаков проблем и само редовни сервиси.. Освен промена на замаец кој го кошташе околу 600 евра...

Го имам возено и за мој вкус има премногу тврда и неубава вожња, воланот е многу некако директен.. задните седишта се многу некомотни, поготово тој што е на средина исто како да седи на даска..

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #5 на: 05 Март 2019, 18:44:28 pm »
Како шо кажа Бузуки, полични се LCI (фејслифт) моделите на Е90 од 2008-2012, ама си играш лотарија со N47 моторот, сите го критикуваат дека бил склон кон дефекти (Timing Chain failure) за разлика од М47.

Мило ми е шо мојата 318ка излезе дека е M47TU2D20 (Мај 2007), така да ич не ми е мака шо сум купил "постар" дизајн на Е90.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #6 на: 05 Март 2019, 18:51:46 pm »
Јас секако би одел на бензинец, со постариот м54 мотор + плинче..

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #7 на: 05 Март 2019, 19:19:48 pm »
ако ти треба убаво бмв 3 со фулл опрема и многу сочувано кажи. Пријателот е во Германија и ја има оставено колата кај брат му.
Али мислам дека посочувано Бмв 3 нема во Македонија.
Спомна дека ќе го продава онака на шала, али дали ќе го продава тоа незнам.

Само знам дека таму го плати 7000 евра + царина и давачки. Али мерак му беше. и ете беше купил. Ја донесе ја царинеше, но поради скапата опрема, висока царина плати.

Скапо му испадна али сочувано фабрика. Да видиш ќе се увериш.
Се навреме менувано. Дискови 2 пара гуми. Германецот се му дал.

Ако сакаш ќе ти дадам број па прашувај. Нема да му ја земе таа цена што ја дал сигурно,
Али дека е убава колата тоа нема збор.
Јас немам ништо ќар, колку и да звучи чудно, туку само кажувам.
Всушност незнам дали и ќе го продаваат.  Али покушај ако си при пари

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #8 на: 06 Март 2019, 02:17:08 am »
Баш напротив имам читано дека 320д редизајн поточно моторот N47 имал чести кварови и треба да се избегнува..

Другар има нередизајн више 5/6 години, го изнавози преку 80.000км без никаков проблем и само редовни сервиси.. Освен промена на замаец кој го кошташе околу 600 евра...

Го имам возено и за мој вкус има премногу тврда и неубава вожња, воланот е многу некако директен.. задните седишта се многу некомотни, поготово тој што е на средина исто како да седи на даска..

Па да крути се и малце незгодни за нашиве патишта со дупки. Јас ги гледам кој ми се опциите, сеуште имам време за размислување до на есен одприлика.

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
Одг: искуства при купување bmw 320 e90 на старо
« Одговори #9 на: 06 Март 2019, 02:21:13 am »
Иначе моментално возам бензин плин комбинација и направив 80 000 км за 4 години, не е исклучена и таа можност :) зависи во моментот што ќе налета.

@malinamamun фала на инфо, ако се одлучам во блиска иднина да купувам, ќе имам на ум.