Автор Тема: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна  (Прочитано 3448 пати)

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
здраво

пред недела/две надвор од државава на многу ниски температури ми замрзна она што е течноста за шофершајбната што ја прска за чистење (не знам како се вика официјално) и ме интересира колку време одзема тоа да се смени комплет? значи вадиш стар резервора, пумпа, црева и што ти ја знам, ставап нови и тоа е тоа.... се јавив на сервис ми рекоа да сум оставел кола па наредниот ден да си ја земам, што нема шанси бидејки не сум од скопје и ке треба да се малтретирам многу со превози или да барам некој друг да малтретирам да ме развозува. па ме интересира дали е 1-2 часа работа па ме мотосуваат пошто не им се работи или навистина треба многу време? да знам дали да се расправам за да ја средат во истио ден или стварно треба да им ја оставам. ја ко шо гледав и колку што се разбирам не би требало да е воопшто комплицирано, ама кој знае може не сум во право....

колата е passat b7

фала

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #1 на: 01 Февруари 2019, 14:05:57 pm »
 Ако се менува само казанчето и пумпата е брзо, али цел систем сосе цревата одзема време

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #2 на: 01 Февруари 2019, 14:07:31 pm »
Зошто би менувал се? Уште е замрзната течноста, ти пукна казанчето за прскалките? Смени го само казанчето ако е пукнато.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #3 на: 01 Февруари 2019, 14:10:28 pm »
Ако се менува само казанчето и пумпата е брзо, али цел систем сосе цревата одзема време

Пак сигурно треба да се извади крило/браник/фар во зависност каде е лоцирано.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #4 на: 01 Февруари 2019, 14:22:27 pm »
Ако е пукнато казанчето само казанче. Внеси ја во некоја гаража, денес е топло (бар у Велес) ќе треба да отпушти. Ако си у град кај што има трговски центар со подземна внеси ја и ќе пушти за некој саат. Цревата и да биле замрзнати имаат отпуштено ради топлината од моторот

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #5 на: 01 Февруари 2019, 15:20:02 pm »
абе 2 недели стои у гаража нарочно не ја возам, вчера бев прв пат да ја видам, претходно не работеше воопшто, а вчера го слушам моторчето врти и шприца вода, али водата шприца и испага од кај фаровите. верувам дека некаде некое црево е откачено што додека беше замрзнато пробував да шприцам со надеж дека попуштило. се заебав јас знаев дека имам течност ама тек сега разбрав дека имало и зимска и летна, јас да сум ти имал летна.

не ми се верува да е пукнато казанчето бидејки водата стои во него недопрена. ако е пукнато ке истечеше до сега.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #6 на: 01 Февруари 2019, 15:30:09 pm »
абе 2 недели стои у гаража нарочно не ја возам, вчера бев прв пат да ја видам, претходно не работеше воопшто, а вчера го слушам моторчето врти и шприца вода, али водата шприца и испага од кај фаровите. верувам дека некаде некое црево е откачено што додека беше замрзнато пробував да шприцам со надеж дека попуштило. се заебав јас знаев дека имам течност ама тек сега разбрав дека имало и зимска и летна, јас да сум ти имал летна.

не ми се верува да е пукнато казанчето бидејки водата стои во него недопрена. ако е пукнато ке истечеше до сега.

Бато, имаш цревце пукнато или некој Т спојка (рачва) кај што се спојуваат 3 црева. Дигни хауба, нека прска некој од внатре на рачката, ќе видиш од кај тече под хауба. Ако ти е на дофат, купи цревце и смени си го. И уживај.

Целиот систем е димензиониран да не попуштат витални делови при замрзнување. Најчесто страдаат периферни делчиња - цревца, спојки.

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #7 на: 01 Февруари 2019, 15:48:54 pm »
тоа е проблем. кога ке дигнам хауба има сензор дека е дигната и не работи ни тоа ни брисач ни ништо. :D

како и да е, се јавив и договорив со делукс куманово, им објаснив се ова што е дискутирано на форумов, ке ја однесам утре ке ја средат во истиот ден ми рекоа.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #8 на: 01 Февруари 2019, 16:38:33 pm »
тоа е проблем. кога ке дигнам хауба има сензор дека е дигната и не работи ни тоа ни брисач ни ништо. :D

како и да е, се јавив и договорив со делукс куманово, им објаснив се ова што е дискутирано на форумов, ке ја однесам утре ке ја средат во истиот ден ми рекоа.
Па стисни го сензорот :D

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #9 на: 01 Февруари 2019, 18:49:49 pm »
Го притиснав, шприцаше едно 3-4 секунди и прекина. После тоа прекина да работи скроз. По 2-3 минути пробав пак и пак исто 3-4 секунди шприца и пак прекинува, и го баталив. Гледав да видам шо каде како ама ништо не се гледа.

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #10 на: 02 Февруари 2019, 18:17:09 pm »
ништо не било расипано, самиот компјутер имал заштита да доколку замрзне системот и ако го силуваш за да проработи со сила го блокирал за да не го расипеш и таа блокажа после се трга само со копмјутер. ја однесов у куманово, ја уклуција на комп. стиснаа саму 3-4 копчиња и проработе.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #11 на: 02 Февруари 2019, 19:16:34 pm »
Ова да им го кажеш на сервисот што барале да им ја оставиш колата цел ден.
Моронска работа.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #12 на: 02 Февруари 2019, 20:58:39 pm »
Не им кажувај пари ќе им донесе.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #13 на: 02 Февруари 2019, 21:21:29 pm »
Ова да им го кажеш на сервисот што барале да им ја оставиш колата цел ден.
Моронска работа.
Не е моронска, ќе ја остави цел ден, ќе избришат грешки за 5мин, ќе му наплатат 6 работни часа и промена на цел систем.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: менуванње на цел систем за течност за шофершајбна
« Одговори #14 на: 02 Февруари 2019, 21:37:27 pm »
толку беше со порше скопје, завршена приказна се за мене. овие автолукс се исто порше официјални претставници само се во куманово, али све на нивоу, културен народ, ме пречекаа, горниот дел над сервисот им е кафич со комотни фотељи и лежаи, па коа му се оптегнав додека чекав, кафе ми направија, еден филм изгледав, не осетив коа помина време. и на мое инсистирање дека не ме инересира што е проблем и дека ми е битно само да е среден, седна со мене мајсторот ми објасни се што како. абе буквално да ти е мерак да ти ги земат парите. бравос, едноставно сум презадоволен.